Домашни лижавчиња за ублажување на трудничките мачнини

Овие четири состојки ќе ги ублажат мачнините и ќе го смират желудникот

0
638

Тие се можеби добар знак и можеби се типичен труднички проблем, но што и да кажеме позитивно за утринските мачнини, жените што ги имаат сигурно нема да размислуваат за нив со насмевка.
Но постои начин утринските мачнини да се ублажат, а освен солените крекери кои обично се препорачува полека да се грицкаат за да се елиминира мачнината, постојат намирници кои уште повеќе можат да го ублажат ова мачно чувство. А за нив не треба да одите во продавница ниту пак да трошите многу пари, туку можете да си го направите сами.

За 6 до 8 лижавчиња ќе ви требаат:

1/4 шолја јаболков оцет
1/4 шолја ливчиња мента
пола шолја мед
1/4 лажичка ѓумбир во прав

Ѓумбирот е веќе долго познат како намирница која ги ублажува сите тегоби на желудникот и проблемите со варењето, заради што веќе долго им се препорачува на трудниците, помага да се неутрализира киселината во желудникот и да го опушти, со што ја смирува и мачнината.

Ментата исто така помага за ублажување на овие труднички симптоми и дава освежителен вкус, а мирисот на мента помага за смирување на желудникот.

Можеби звучи чудно, но и јаболковиот оцет имат слично својство.

Медот на лижавчињата им дава блажина, ја ублажува киселината на оцетот и се убаво и здраво спојува.

Приготвување:

Ставете ги во блендер ливчињата од мента и оцетот и мешајте додека не се иститнат. Префрлете ја смесата во мал сад и додадете ги медот и ѓумбирот и се кратко проварете на тивок оган со постојано мешање. Би било идеално кога би имале термометар затоа што температурата би требало да достигне 300 степени, но ако немате, можете да се послужите со овој трик. Земете сад со ладна вода и капнете во неа малку од смесата што ја варите. Ако таа се стврдне во допир со ладната вода, смесата е готова.
Следниот чекор е обликување. Ако имате калапи за лижавчиња, искористете ги, и не заборавајте стапчиња, а ако немате, едноставно ставете ги стапчињата на малку мрсна хартија за печење па со лажица вадете од смесата и ставајте на стапчиња. Потоа оставете да се стврднат на собна температура. Најдобро е да се чуваат во фрижидер, затоа што на собна тенпература ќе бидат малку помеки и полепливи.
Пробајте ги кога имате мачнини.

[better-ads type='banner' banner='999' ]