Пофалбата на детето има силно воспитно влијание

Пофалбите ги поттикнуваат самодовербата и доброто однесување, но ако се претерани и немаат реална подлога, можат и да одмогнат.

0
310

Пофалбата на детето ги поттикнува позитивните особини и способности и е дополнителна митивација која ја гради самодовербата и поттикнува подобро однесување.

Меѓутоа, со пофалбите не треба да се претерува, затоа што колку што ќе помогнат, толку понекогаш можат да одмогнат.

Многу психолози предупредуваат дека премногу честите пофалби за вообиечаени постапки и однесување можат да имаат и спротивно влијание, затоа што детето престанува да обрнува внимание на пофалбата

Пофалбата треба да биде оправдана и треба да се користи во случаи кога детето навистина ја заслужило и кога се однесува во согласност со очекувањата. Пофалбата има најдобар ефект кога се дава непосредно откако детето ќе направи нешто добро, додека сеќавањата му се се уште свежи. Детето треба да се пофали одмерено, заслужено и по можност да му се објасни зошто го фалиме.

Пофалбата треба да биде составен дел од нашиот живот и кога не ја добиваме сите се чувствуваме неуспешни и помалку вредни. Со пофалбата му даваме до знаење на детето колку ни значи и на тој начин развиваме кај него јасни критериуми и добри постапки. На тој начин му покажуваме на детето дека, како родител, го забележуваме неговиот напор и доброто однесување.

Многу е важно и двајцата родители да имаат исти мислења и еднакви критериуми, затоа што разликатса помеѓу родителите во очекуваното детско однесување може да создаде кај детето збунетост и лошо однесување. Родителите треба секогаш на своето дете да му бидат модел за добро однесување. Целосно е бескорисно од детето да се бара и да се очекува добро однесување доколку родителите се однесуваат на поинаков начин.

[better-ads type='banner' banner='999' ]