Трудница позирала со повеќе од 20 илјади пчели на стомакот

За да направи спомен на својата четврта бременост, една мајка направила неколку фотографии и тоа со помошш на повеќе од 20 илјади пчели!

0
553

Емили Милер од Охајо е мајка на три деца, а годинава го чека и своето четврто дете. За да направи спомен за завојата четврта бременост, Емили направила неколку фотографии со помош на повеќе од 20 илјади пчели.

Емили и нејзиниот сопруг се сопственици на сервис за отстранување на пчели од домаќинствата и други критични места. Со оваа работа се занимаваат веќе со години и благодарение на нив спасени се повеќе илјадници пчели.

При последното спасување, на идните родители им паднало на памет да направат со пчелите серија фотографии и така да ги забележат последните моменти од бременоста на Емили.

„Пчелите претставуваат живот и смрт. Имав три абортуси, па така овие фотографии им се посветени на сите наши деца“, раскажаа Емили за медиумите.

Меѓутоа, иако својот живот Енили го посветила на спасувањето на пчели, многумина мислат дека нејзината состојба бара многу поголемо внимание.

„Знам дека многумина сигурно си мислат дека сум уда затоа што се фотографирав вака. Потполно ги разбирам затоа што и јас некогаш се плашев од пчели“, вели Емили и признава дека неколку пати во текот на фотографирањето ја боцнае. На една од пчелиуте случајно седнаа, а една ја сплескала со рака.

„Ниту една пчела не ме боцна намерно. Тоа беше моја вина. Луѓето мислат дека го изложувам на опасност моето бебе, но пчелите се прекрасни и се надевам дека благодарение на моите фотографии, луѓето ќе почнат поинаку да ги гледаат“.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]