Кои се најлошите меѓуоброци што можете да му ги понудите на детето?

Секој нездрав оброк го одзема местото во нивниот желудник за здравите витамини кои им требаат.

0
1675

Сите понекогаш посегнуваме по нешто што знаеме дека не е баш здраво затоа што мислиме дека е детето гладно и дека е се друго подобро отколку да е гладно. Но децата се многу почувствителни на штетната храна од возрасните, затоа што ним не им се потребни калории, туку добри нутриенти. Многу е лесно детето да се наполни со намирници кои ќе ги „заситат“ до главниот оброк, но со тоа не сте има дале всушност ништо што им е потребно за развојот и растот. А лудо е да се очекува дека со такви прехранбени навики нивниот организам ќе се развива онака како што треба и дека нивниот имунитет ќе ги брани како што треба.

Газирани пијалоци

Повеќето родители можеби никогаш не посегнале по такви намирници, но за жал, постојат родители кои дури и на мали деца од 2-3 години знаат да им понудат газиран сок. Нутриционистите велат дека нема полош избор од овој. Тоа што на на шишињата пишува дека нема шеќер, не мора да значи дека е навистина така. Мора да знаеме дека газираните напитоци во себе немаат ниту трошка нутриенти, но затоа имаат доволно шеќер кој ќе остане цврсто залепен на нивните запчиња.

Обични сокови

Ако самите правите свежо цедени сокови, слободно продолжете со таа пракса затоа што оние купените, иако на нив пишува се и сешто, навистина се далеку од природните. Нутриционистите предупредуваат дека дури и свежо цедените сокови во голема количина не се добри, затоа што тука настанува проблем со преголемата количина витамини кои мораат да се испијат за кратко а организмот на децата нема доволно сила брзо да ги свари.
Затоа кога бебето до шест месеци старост е жедно, не се препорачува ништо друго освен доење или млечна формула. Дури и чаевите за бебиња во себе имаат индустриски шеќер и реално, истакнуваат нутриционистите, на ниту едно бебе кое не е навикнато на слатко, тие нема да му недостасуваат.
Што се однесува до кравјото млеко, според Американската академија на педијатри, тоа се препорачува после првиот роденден. За почеток, разредено со вода.

Крекери

Кога бебето ќе ги добие првите запчиња и ќе почне да џвака се што ќе му дојде при рака, многу родители посегаат како меѓуоброк и како занимација, по крекерите. Ретко кои ќе се потрудат да направат здрави домашни крекери, мислејќи дека се во ред и купечките. Но не се, затоа што тие нема да ги задоволат ниту нивните нутритивни потреби, а често ниту гладот, но ќе го заземат местото на оние вистински здравите намирници.

Преработена храна

Колку се намирниците повеќе обработувани, толку се помалку слични на оригиналот. Затоа готовата храна е многу далеку од јаболката и спанаќот или месото кое го купуваме како свежо парче, а секој посложен процес ги одзема од намирниците витамините, минералите, белковините и ги заменува со конзерванси и други адитиви.
Затоа ако мислите дека, на пример, фиш фингер би биле дбра замена за вистинска риба или конзервираните сосови подобра варијанта од динстани домати, веројатно претпоставувате дека не сте во право?

Желатинозни десерти

Кое дете не сака гумени бонбони? На нив пишува дека немаат шеќер а веројатно сте начуле дека се добиваат од преработени животински коски и рскавици. Тоа е во ред ако зборуваме за супа од телешки коски, но тоа нема врска со ваквите вештачки производи. Всушност, тие се полни со шеќери, вештачки бои и ароми и во нив нема апсолутно ништо добро за организмот. Напротив!

[better-ads type='banner' banner='999' ]