Еве го најлесниот начин да ги научите да врзуваат врвки

Милиони деца веќе научиле како да ги врзуваат своите чевли токму од овој туторијал кој кратко време по појавувањето на Фејсбук, на страната Unstoppable Mother, беше прогласен за најлесен начин досега.

0
1219

Ако вашето дете се уште мака мачи со врзувањето на своите чевли и патики, можеби ќе му помогне токму овој туторијал. Училиштето почна и сакале-нејќеле децата мораат да се научат да си ги врзуваат врвките.

Мајката Кирстен Џонсон сфатила како да му покаже на својот седумгодишен син едноставен начин за врзување на неговите патики, а притоа да не мора да се мачи со крајчињата и со „ушите“ кои им ги прават на децата најголемите проблеми.

[better-ads type='banner' banner='999' ]