Дали и кога би требало да ги лажеме своите деца?

Kако родители многу често ги лажеме своите деца. Главно, за да ги заштитиме, за да одложиме некое соочување или за да го продолжиме детското верување во апстракции од типот на Дедо Мраз. Но постојат многу потешки лаги од таа.

0
164

Повеќето родители веруваат дека ја прават вистинската работа со своите деца, особено оние кои според официјалната медицина се сепак реално здрави. Најчесто тие родители се во право за своето дете и прават се за да ги изведат на вистинскиот пат. Една од работите кои не можеме да ги заобиколиме е што како родители многу често ги лажеме своите деца.

Ги лажеме за да ги заштитиме, за да одложиме некое соочување или за да го продолжиме детското верување во апстракции од типот на Дедо Мраз. И додека се водат расправии дали треба на децата да им кажеме дека тој Дедо е производ на простиот консумеризам, постојат многу потешки лаги од таа.

„Се ќе биде добро, само ти учи“

Е една од потешките лаги. Родителите им ветуваат на децата дека доколку тие само учат, работите во животот ќе се поставуваат безусловно пред нив. Ова е апсолутно неточно во речиси сите познати светски системи. Учењето е само дел од она што човек би требало да го направи за да с енајде на некоја привилегирана позиција во општеството. Многу е поважно децата да развијат социјална интелигенција и подготвеност да се фатат во костец и да решаваат проблеми од познавањето на руските класици. Втората лоша димензија на оваа лага е тоа дека оваа порака всушност значи преголемо заштитување на децата. Ако детето учи, родителот ќе направи се друго за него, вклучувајќи на пример, и средување на неговата соба.

„Кога јас бев на твои години“

Родителите кои заборавиле како размислувале кога имале 15 години, тешко дека можат да ги разберат своите деца-тинејџери. Дури и да се сеќаваат, мораат да сфатат дека реалноста се сменила и дека споредбите се целосно беспредметни. Она што е најважно да се спомене – ова е на некој начин лага, затоа што родителите најчесто извлекуваат од контекст за да се прикажат во подобро светло отколку што навистина биле. „Безгрешни“ родители сакаат деца кои не прават греешки и на тој начин им оневозможуваат на своите потомци да научат што и да е преку искуството.

„Гледај се себеси, пушти ги другите…и ќе успееш

Точно е дека кога човек постигнува професионален успех, главно, до него доаѓа сам. Бидејќи не сме скроени како асоцијални суштества, ниту еден успех кој останува неподелен не може да даде трајна сатисфакција. Важно е децата да се научат да ја следат својата визија, но под услов на нивниот пат да не им наштетат на другите.

[better-ads type='banner' banner='999' ]