Родителите во Индија веруваат дека викањето нема да помогне во воспитувањето на децата. Хиндуизмот, будизмот и исламот го преплетуваат своето наследство во оваа земја. Дури и најнемирните деца не се казнуваат, а за тоа постои и причина.
Еве кои се карактеристиките на родителството во Индија.
Да се биде добар
Децата во Индија се од раѓање научени да бидат добри кон сите живи суштества. Трпението е од исклучително значење и се смета за најголема доблест, а покажувањето на емоции и на раздразливост за нив се маани.
Контролирани информации
Родителите во Индија не им дозволуваат на децата да гледаат телевизија освен кога станува збор за програми посветени на уметност и образованието. Ваквиот пристап е важен, особено сега кога интернетот и телевизијата можат негативно да влијаат врз мадите, дури и да бидат опасни.
Доблестите на прво место
Индијките се особено внимателни околу бонтонот, и задолжително ги учат децата на убаво и културно однесување. Кога детето има две години, ќе му простат ако си игра со храна; на 10 години ваквото однесување е недозволиво.
Претставување на добар пример
Родителите во Индија се сигурни дека нивните навики се идни карактеристики на карактерот на нивните деца. Затоа не им држат предавања туку со својот пример им покажуваат како нешто може да се направи. И повозрасните роднини често учествуваат во тоа, во ситуации кога неколку генерации живеат под ист покрив.
Поврзаност
Докторите во Индија препорачуваат мајката и детето да спијат заедно, за детето да го чувствува нејзиното присуство и да биде мирно о спокојно.
Гласно размислување
Училишниот систем води сметка за духовност и за толеранцијата. Децата се научени да го изнесувваат своето мислење и да разговараат за тоа; како часови имаат јога, помнење и насмевки. Самиот систем ги поттикнува да го откријат својот потенцијал.
Учители и наставници
Учителите во Индија мораат да бидат многу толерантни. Не покажуваат незадоволство и не бараат ништо што и самите не можат да го направат. Тие често се состануваат да разговараат џа правилата на однесување за наставниците, а не за децата.
Подобра верзија од себе, а не од некој друг
Главна задача на било кој ученик е да се усоврши. Секој месец им се даваат специјални картици на успешните студенти. Учениците во Индија се стремат да бидат подобра верзија од себе, а не од некој друг.
Неформален став
Учителите и наставниците не се стеснуваат да ја покаат својата љубов кон учениците. Тие често ги прегрнуваат своите ученици или ги погалуваат по глава. Сепак, нема фаворизирани, затоа што на секое дете му е потребна пофалба.