КАКО ДА ЈА ПОБЕДИТЕ УТРИНСКАТА МАЧНИНА НА РАБОТА?

0
1355

Добро испланирајте го својот работен ден, за што полесно да се изборите со мачнината, еден од најчестите придружници на бременоста…

Многу жени се соочуваат со утринската мачнина на самиот почеток на бременоста, додека помал број идни мајки ја имаат во третото тримесечје. За жал, постојат и оние кои се наоѓаат во двете приказни. Иако утринската мачнина може да ве нападне во кој било момент во текот на денот, најмногу проблеми може да предизвика ако се чувствувате лошо во текот на работното време. Можеби ќе искусите „само“ чувство на мачнина, но не и повраќање, но можно е и повраќањето да ви биде придружник цел ден. Или можеби ќе ви се случи комбинација од двете непријатни состојби. Во секој случај, добра идеја е сите ваши активности да ги планирате однапред.

БЕЗБЕДНО ОДЕЊЕ И ВРАЌАЊЕ ОД РАБОТА

Една од работите за која првенствено да размислувате, е како безбедно да одите и да се вратите од работа.

Понекогаш пред возење помага голема чаша студена вода (може и ледена, но во голтки), како и возење со спуштени прозорци, за да почувствувате свеж воздух на лицето. Доколку чувствувате мачнина или вртоглавица, подобро размислете за јавен превоз (иако сопствениот превоз е неспоредливо покомфорен), бидејќи и двете тегоби можат да ве спречат безбедно да управувате со возилото.

Некои трудници увиделе дека патувањето до работа им е поподносливо ако јадат веднаш по будењето. Добро е наутро да грицкате полека некој незачинет кекс или тост. Доколку дојде до најлошото сценарио, потребно е да имате неколку пластични кесиња (без дупчиња!) при рака. Застанете со возилото на страна, на сигурно место, додека бранот на мачнина или повраќањето не поминат.

ОБЕЗБЕДЕТЕ СЕ ШТО ВИ ТРЕБА НА РАБОТА

Кога ќе влезете во работната просторија, најдобро е најпрво да се освежите, посебно ако ви било лошо во текот на патот (за тоа се добри и влажните марамчиња, најдобро без мирис). Понекогаш е доволно само длабоко да дишете извесно време, а понекогаш е потребна и ладна облога на челото или вратот – марамче или
крпа навлажена со студена вода.

Доколку почесто повраќате, задолжително на работа носете џепна четкичка за заби. Ако пастата за заби ви предизвикува мачнина, пробајте детска паста за заби (ги има со различни вкусови, можеби некоја ќе ви одговара), како и четкичка со меки влакна. Друга техника на освежување на здивот е користењето бомбони – пеперминт, посебно пастили кои во устата брзо се растопуваат.

РАБОТНИОТ ПРОСТОР АДАПТИРАЈТЕ ГО НА СЕБЕСИ

Додека седите на работниот стол, испланирајте ја најкратката маршрута до најблискиот тоалет и, секако, држете го пластичното кесе во ваша близина. Дури и корпата за отпадоци може да послужи (навистина е крајно непријатно, но едноставно вие сте побитни). Доколку работното место ви дозволува, обидете се на некој начин да си создадете себеси малку приватност. Доколку вашата работа е таква да имате просторија во која можете да се престојувате за време на паузата (дури и ако е во прашање соба во која се пресвлекувате, а имате каде да седнете), искористете го тоа. Во случај доколку имате сопствена канцеларија, можете мирно да ја затворите вратата и да се опуштите.

ПОМОШ ОД КОЛЕГИТЕ

Не се стеснувајте да побарате помош од колегите. На пример, ако излезете на свеж воздух, можат да го преземат вашиот дел од работа додека не се вратите. Единствено е непријатно доколку сакате вашата бременост извесно време да ја чувате во тајност, тоа би можело да ви ја отежне ситуацијата. Затоа добро е ако можете да се потпрете на некој на кого можете да му верувате дека ќе ја чува вашата тајна додека не бидете подготвени да ја споделите со другите.

Се надеваме дека вие ќе бидете една од оние трудници кои немаат проблеми со мачнини иповраќње. Но, доколку сепак се соочувате со такви тегоби, се надеваме дека овие совети ќе ви помогнат, и дека сите непријатности брзо ќе поминат.

[better-ads type='banner' banner='999' ]