Иако во цел свет се зборува за епидемија од дебели деца и за тоа дека на било кој начин мораме што повеќе да ги активираме, но и да ги научиме на поздрава исхрана, сепак, кога од друга страна пак ќе се појават вакви екстреми, човек не може да не се фати за глава.
Ако малку го пребарате на Гугл терминот „Strongest child in the world“, ќе најдете едно чудо вакви деца кои со 3-4 години веќе изгледаат како Хулк.
Не треба да е човек стручњак за да знае дека ова едноставно не е здраво.
Умерено играње, дури и неколку различни спортови (и ова не е баш добро за мало дете) нема да ги направат децата вака силни, освен во случај кога децата се форсираат да вежбаат и ако, што е чест случај, практично се навлечат на адреналинот кои им го дава вежбањето и славата.
Лекарите во врска со овој феномен велат дека децата во развој никако не смеат да бидат подвргнати на тешки вежби, иако многу поголем проблем е нивното ментално здравје.
Колку и да му изгледа некому можеби ова импресивно, тој мора да знае дека зад толку вежбање се кријат зависност и одредени пореметувања во однесувањето.
За ова неодамна се огласил и таткото на едно од моментално најсилните деца на светот. Тоа е малиот Јапонец Јарусеи кои ги урива сите рекорди на гледаност на Јутјуб со своите боречки вештини и неверојатно силни мускули.
Малиот почнал да вежба на четири години кога татко му првпат му покажал филм со Брус Ли, а со 7 години станал најсилно дете на светот. Но тој не сака да застане на ова, иако родителите велат дека го молат да престане со вежбање. Неодамна татко му завршил во болница затоа што го молел да го изеде својот зеленчук и тогаш сфатиле дека не можат повеќе да го контролираат. Станал зависен и така докажал дека стручњаците имаат право.