Зошто овие луѓе го хранат со кикирики својот алергичен син?

„Денеска мојот син изеде 24 зрна кикирики на кои е алергичен“, објавила Сара Виња Смит на својот Фејсбук профил и заинтересирала многумина.

0
754

На својот профил на Фејсбук, една мајка објавила дека на својот син алергичен на кикирики му дала да изеде 24 зрна кикирики и со оваа објава го свртела вниманието на многумина.

Станува збор за тоа дека нејзиниот син е подвргнат на орална имунотерапија – нов, експериментален третман која кога се применува во раното детство, може кај алергичното дете да создаде толеранција на алергенот. Благодарение на терапијата, родителите на ова дете не мораат повеќе да живеат во страв дека нивниот син ќе добие алергиска реакција заради случајна контаминација со алергенот, што е нешто што често им се случува на алергичните.

Секако, таа толеранција не е создадена преку ноќ. Во текот на осум месеци, секоја недела детето поминувало часови на третмани чија цел била да се намали неговата чувствителност на кикирики.

Првиот ден му бил даден сок во кој биле разблажени 5 микрограма протеини од кикирики. Чест часа бил на набљудување додека му е давана се посилна концентрација на алергенот. На крајот од денот, од микрограмот се стасало до милиграм. Момчето и родителите се испратени дома со раствор кој требало да го зема секој ден, а во текот на следната недела дозата била зголемена.

После 25 долги посети кај лекарот и стотина дози земени дома, момчето полека равзило толеранција. Од растворен прав од кикирики, преку брашно од кикирики, стасал на крајот до цели зрна со внимателно одмерена грамажа.

„Ни требаа три месеци за да стасаме до 1 кикирика. А уште три за да стасаме до 12 зрна“, вели Сара Виња Смит.

За сите родители на деца кои страдаат од алергии, а кои живеат во страв од анафилактички реакции, оралната имунотерапија би можела да биде спас. Сара веќе може спокојно да го испрати синот во училиште оваа есен, без страв дека ужината од некој другар од класот може да го испрати во ургентниот центар.

[better-ads type='banner' banner='999' ]