Ако планирате семејство најдете си помлад партнер

По истражувањето кое го спровеле, истражувачите од Харвард сугерираат ако планирате да основате семејство, да го направите тоа со маж кој е значително помлад од вас.

0
498

Новата студија заснована на 20.000 спроведени третмани за лекување на неплодност покажала дека жените кои имаат за партнер помлад маж, имале многу поголема стапка на успех од оние кои покрај себе имаат маж на иста или на возраст блиска до нивната.
Зошто? Затоа што спермата на помлад маж ја „засилува“ јајце клетката на повозрасната жена, што е помалку веројатно дека би го направил сперматозоидот на повозрасен маж.
Иако плодноста на жените се намалува со годините, возраста на мажот е и натаму значаен фактор.
Студијата која ја предводело Медицинското училиште на Харвард опфатила 7.753 двојки помеѓу 30 и 42 години кои се подложиле на третмани за лекување на неплодност во периодот помеѓу 2000. и 2014. година.
Исто така, утврдено е дека жените чии партнери се значително помлади од нив имаат поголеми шанси за успех.Поточно, жените на возраст помеѓу 35 и 40 години кои покрај себе имаат партнер помлад од 30 имале 30 отсто повеќе успех од жените чии партнери биле на приближни години.

[better-ads type='banner' banner='999' ]