Ова кусо видео од 40 секунди покажува како после голтање на ситни предмети во случај на гушење можете да го спасите животот на своето дете.
Имено, во Велика Британија во текот на истражувањето во амбулантите е утврдено дека 4 од 5 родители не знаат што треба да направат ако нивното дете почне да се гуши. Како резултат на тоа направено е ова видео кое им покажува на родителите како да реагираат во една ваква застрашувачка ситуација.
Главни актери во оваа приказна се секојдневните предмети кои најчесто предизвикуваат гушење на децата. Принцезата покажува како треба да се постави бебето свртено со лицето кон подот на своите колена и пет пати нежно да се удри по грбот. Ако тоа не успее, свртете го бебето кон себе и пет пати притиснете му ги градите. Ако на овој налин не успее да го исфрли предметот кој го попречува дотокот на кислород, потребно е да повикате брза помош. Ова видео настанало во јануари, а заслужно е за спасување на дури 36 животи.