Благодарение на новиот закон усвоен од страна на провинцијата Онтарио, канадската влада може легално да ги отстрани децата од семејствата кои одбиваат да го прифатат изборот на „родовиот идентитет“ на нивното дете.
Според министерот за деца и младинци, Мајкл Кото, кој го воведе законот, вели дека претходно, оваа година неуспехот на родителите да ја препознаат и да ја поддржат родовата самоидентификација на малолетното дете е форма на злоупотреба на децата, и едно дете во овие околности треба да се отстрани од дадената ситуација и да се стави под заштита на државата, односно, „да се отстрани од средината во која е малтретирано и да се смести на место на кое ќе биде заштитено од тоа“.
Канада и досега имала бизарни случаи на одземање на децата кога државата зема за право да се прогласи за главна инстанца која решава што е најдобро за нив. Таков е примерот со двајца згрижувачки родители на кои им биле одземени две деца само затоа што не ја послушале наредбата на социјалниот работник да им кажат на своите ќеркички од по 3 и 4 години дека Велигденски зајачиња навистина постојат.
„Ние имавме политика на нелажење на децата. Ако нè прашаат за нешто, им ја кажуваме вистината“, велат родителите кои сега ја тужат државата за одземањето.