Тинејџер дизајнирал градник кој детектира рак на дојка во рана фаза (ВИДЕО)

Сега 18-годишниот Хулијан Риос Канту кој на 13 години бил сведок на борбата на неговата мајка со ракот на дојка, на 17 години го дизајнирал градникот Ева кој детектира тумор на дојка во рана фаза

0
250

На само 13 години, тинејџерот од Мексико Хулијан Риос Канту бил сведок на борбата на неговата мајка со рак на дојка.Ова болно и трауматично искуство го инспирирало денес 18-годишниот Хулијан да дизајнира градник кој детектира тумор на дојка во рана фаза.
Тинејџерот и неговиот тим другари ја основале компанијата Higia Technologies која Хулијан ја основал на 17 години, направиле револуционерно решение наменето за жените кои имаат генетски предиспозиции за заболување од оваа болест, а кое е опремено со околу 200 сензори кои ги следат промените во темпереатурата, обликот и тежината на дојката.
Токму наглите варијации на тие параметри се показатели за евентуална болест, па жените добиваат предупредување кога мораат да посетат лекар.
„Градникот Ева ги собира сите симптоми на ракот кои жената може да ги има. Тие податоци потоа се праќаат во софтерот кој праќа дијагноза“, објаснил Хулијан и додал дека го дизајнирале градникот затоа што дозволува константен пристап на истата позиција и не мора да се користи подолго од еден час неделно.
Инаку, оваа иновација на Хулијан му ја донела и наградата„Global Student Entrepreneur Award“(GSEA), кадешто победил во конкуренција ид 13 студенти иноватори од сите краишта на светот и така освоил награда од 20 илјади долари.

[better-ads type='banner' banner='999' ]