Како зависноста на родителите влијае на однесувањето на децата?

Зависноста на родителите од мобилните телефони и воопшто, од технолошките апарати, создава проблеми во однесувањето на децата

0
681

Се повеќе истражувања се занимаваат со последиците од користењето на модерната технологија, на паметни телефони, таблети и компјутери кај децата. Но најнвата студија на Универзитетот во Илиноис го поставила прашањето како зависноста на родителите од технолошките апарати влијае на однесувањето на децата?

Резултатите покажале дека родителите кои се постојано залепени за нивните мобилни телефони имаат повеќе проблеми со негативни однесувања кај децата. Под негативни однесувања истражувачите споменуваат разлилни испади, плачење, инает и слично.
„Би требало критичкиу да ги преиспитаме нашите навики на користење на апаратите“, изјавил Брендон МекДаниел, автор на студијата која ќе биде објавена во новиот број на списанието Child Developement.

„Да се сфатиме на кои се начини паметните телефони влијаат на нас, како би можеле ние да бидеме ние да владееме со нив, а не обратно“.
Професорот МекДаниел со своите колеги прочувал 170 двојки во дел од САД кои се во долги, стабилни и среќни врски. Сакал да дознае како технологијата влијае на интеракцијата помеѓу родителите и децата. Оваа студија е една од првите на подрачјето кое го истражува влијанието на технологијата на односите помеѓу луѓето.

Помеѓу испитаните родители биле и такви кои пријавиле проблематично и зависничко користење на модерна технологија– постојано проверување на телефонот, чувство на изгубеност ако не е со нив, постојано разгледување на социјалните мрежи за да се „убуеа“ досадата и слично.

Споменатата грипа родители исто така пријавиле и проблеми во односите со децата. Децата имале повеќе испади, емотивно се затварале во себе, повеќе и подолго плачеле и покажувале агресивно однесување.
Авторот на студијата вели дека целта не му била да ги натера родителите да се чувствуваат виновни, туку да ја освести попироката јавност ека технологијата може да ја наруши интеракцијата со блиските луѓе. Како што признал и самиот, едноставно живееме во такви времиња и тешко дека технолошкиот напредок може да се запре. Паметните телефони и таблети се направени со цел да го апсорбиураат нашето внимание. Ако вниманието ни е пречесто насочено кон содржината на телефоните, тогаш не е кон децата.
Родителите се почесто свесни дека содржината на мобилните уреди делува на децата па се обидуваат да им го ограничат времето поминато на интернет или во играње игри. Но сега треба да направат уште еден чекор понатаму, и да го применат истиот рецепт и на себе.
Оваа студија ќе им помогне на терапевтите кај проблемите со однесувањето на децата, да ја побараат прилината и во зависноста на сите членови на семејството од вортуелните содржини и апарати.

[better-ads type='banner' banner='999' ]