Во кои ситуации е подобро да ги излажете децата отколку да им ја кажете вистината?

Ситуции во кои дури и големите лаги се сепак оправдани

0
222

Иако не е убаво да се учат децата на лажење постои нешто што секој стручњак на оваа тема сепак ќе го каже – не е лажење ако некои работи едноставно не можете да му ги објасните на детето затоа што е премногу мало и се уште не може да го сфати вистинскиот концепт на животот. Тогаш е многу подобро малку да се искриви вистината за да им се даде шанса некои важни животни вистини да сфатат тогаш кога ќе бидат доволно зрели за тоа.

И затоа во некои ситуации слободно малку излажете ги. Оправдано е и добро, велат стручњаците:

  1. Ако детето ве праша нешто „помудро од неговите години“

Што е аутопсија, зошто е тетката ќелава и како настануваат бебињата: Ако не може да ја разбере вистината, а не може, тогаш подобро измислете нешто што е попригодно за неговата возраст.

  1. Кога ги учите за важните манири

Баба му му сплела ужасно грд џемпер, но вие сеедно се смешкате и од срце се заблагодарувате? Со време ќе сфати и самото дека е понекогаш подобро вистината да се премолчи.

  1. Кога не ви се допаѓа неговиот цртеж а сепак му велите дека е одличен

Сигурно не сакате да му ја убиете волјата за креативност.

  1. Кога ќе ве праша за Дедо Мраз

Тие бајки им се наменети на децата па нека останат такви барем додека децата сами не сфатат.

  1. Кога ќе ве прашаат дали е здраво тоа што го јадете?

Секогаш е здраво, дури и малку чоколадо или бело пециво. Тоа што децата како мали го јадат е секако ваша грижа па немојте да бидете толку строги за нездравите залчиња во кои и вие понекогаш уживате. Со време ќе научите што е здраво, а што не е.

  1. Кога ќе полнат да испитуваат што значи ова, а што она

Иако тоа можеби не го забележувате, но на дете кое уште не знае да чита секој знак ќе му биде забавен и ќе посака да му објасните што точно значи. А тоа е во глобала релативно монотона лекција која веројатно ќе ја заборават па затоа слободно дајте им некои попознати објаснувања – овој знак значи „без викање“, тука пишува „без карање“, а тука дека детето мора „да ѝ ја даде раката на мама“.

  1. Кога ќе почувствувате потреба споменете им некои личности кои се за нив важни

„Што би рекла еја твојата учителка од градинка ако те види дека не сакаш да ги собереш играчките?“

„Ако сега не видеше некој полицаец…“ – знаете дека децата понекогаш повеќе ќе послушаат некој друг отколку вас.

  1. Кога ве излудува некоја гласна играчка

Нема, мама ја изгуби, или пак, се расипа…

[better-ads type='banner' banner='999' ]