Кога жената ќе стане мајка, обично доаѓа и до зголемување на нејзината самодоверба. Фактот дека некому му требаат го зголемува нивното чувство на вредност, сметаат научниците. Исто така, помалку жени кои имаат деца прават самоубиство, а колку повеќе деца имаат, тој ризик е се помал.
Освен што им расте самодовербата, жените се и посреќни откако ќе станат мајки. Тие имаат социјална мрежа на лица кои им даваат поддршка, за разлика од жените кои не се мајки.
Целта на истражувањето било да ја потврди теоријата дека родителството на некој налин ги штити луѓето од обиди за самоубиства. Оваа теорија ја поставил социологот Емил Дуркхеим, но со децении било тшко да се докаже заради релативно малиот број на луѓе кои прибегнуваат кон самоубиства во однос на општата популација.
Во едно од најголемите истражувања од тој вид, во кое учествувале дури 1,292,462 жени постари од 20 години, откриено е дека мајчинството има своевиден одбранбен ефект, а тој е посилен колку што повеќе деца има мајката. Жените кои имаат две деца имале 39% помали шанси ека ќе си го одземат животот од жените со едно дете. Оние кои имаат три деца, се дури за 60% позаштитени од оние со едно дете.
„Откриена е јасна тенденција на намалување на стапката на самоубиства со зголемување на бројот на деца, а откако се земени предвид возраста кога мајката го родила првото дете, брачниот статус, годините на школувањето и местото на породување“, рекол др.Чун-Јух Јанг, кој го предводел истражувањето на Kaoshiung Medical University во Тајван.