Дознај колку си дете во срцето!

Понекогаш веројатно ви доаѓа да заборавите на сè и, едноставно, да му се препуштите на детето во вас. Но, колку често навистина го правите тоа? Одговорете ги овие едноставни прашања и ќе дознаете!

0
215

Сигурно во животот често се среќавате со најразлични предизвици, дилеми, прашања… Како да постапите во една ситуација, што да одлучите во друга, како да се справите со децата, со семејството, а како со работните обврски. Понекогаш веројатно ви доаѓа да заборавите на сè и, едноставно, да му се препуштите на детето во вас.

Но, колку често навистина го правите тоа? Одговорете ги овие едноставни прашања и ќе бидете изненадени од резултатот.

1. Замислете ситуација: Се пакувате за одмор и сè е набрзина: резервни костими за капење на децата, прва помош и заштита, вашите омилени чевли, таблетот на сопругот… Конечно, тргнувате подготвени, но во последен момент сфаќате дека ја заборавивте најдрагата плишена играчка на вашето дете. Како ќе постапите?

а. Веднаш се враќам, без неа не се живее!
б. Па тоа е само една обична играчка, не вреди за моето време.
в. Ќе купиме нова кога ќе пристигнеме.

2. Семеен ручек. Сите се околу трпезата и сè се одвива нормално, но наеднаш вашите деца се качуваат на столчињата и почнуваат да ја истураат храната на сите страни. Вие:

а. Какво безредие! Во паника, станувате налутени, на децата им следува казна!
б. Се приклучувате на забавата и истурате храна врз главата на сопругот.
в. Само ги замолувате децата да не го извалкаат килимот.

3. Влегувате во супермаркет со вашето дете. Немате многу време на располагање, а тоа постојано ве влече кон полиците со чоколадно млеко. Толку е упорно што никако не успевате да пазарувате и да ја завршите обврската. Што правите?

а. Се обидувате да го разубедите дека ќе му купите на крајот од пазарувањето.
б. Какво чоколадно млеко, какви глупости!? Немаме време за непланирани застанувања.
в. Одлична идеја. Веднаш одите до полицата и земате од чоколадното млеко „Моја кравица“, едно за вашето дете, едно за вас.

4. На работа хаос! Обврските се трупаат сè повеќе и повеќе, а роковите стануваат сè пократки и пократки. Во паника, сметате дека не можете да постигнете. Како ќе се справите?

а. Се обидувате да ескивирате со изговор дека сте ја повредиле десната рака.
б. Ги завршувате обврските најбргу што можете, но не ви е грижа доколку не успеете да испочитувате одреден рок.
в. Тоа е тоа, нема бегање. Се трудите да се смирите и полека и сталожено да почнете со завршување на задолженијата.

5. Гледате анимиран филм со вашето дете во кој главниот лик се разделува од своето куче миленик. Сцената е емотивна и тажна, вашето дете почнува да вреска дека „Животот не е фер“, а вие:

а. Не сте свесни за разделбата, филмот е премногу детски и наивен за вашето внимание. Го игнорирате вашето дете.
б. Се согласувате дека е тажно, но смирено му објаснувате на детето дека тоа е само филм.
в. Сцената толку многу ве погодува и вам што и самите не можете да ги контролирате солзите, не обидувајќи се да го смирите детето.

6. Се враќате преморени од работа и го затекнувате вашето дете во кујната со сите можни тенџериња, и полни и празни, на подот. Што правите?

а. Ништо страшно! Тоа е само дете, ќе соберете подоцна.
б. Седнувате до него и почнувате игра. Ги вадите сите дрвени лажици и замислувате дека свирите на тапани.
в. Како од пушка се развикувате! Како можеше ова да се случи токму кога вие одвај функционирате.

7. Низ прозорецот гледате полна улица со деца што играат „Народна“ и се надвикуваат. Толку се гласни што не можете ни да ги слушнете вестите. Како ќе постапите?

а. Им се заканувате дека ќе повикате полиција или ќе ги кажете на родителите.
б. Смирено ги замолувате да бидат потивки.
в. Зошто да гледам вести кога надвор е позабавно? Излегувате и вие за да им се приклучите на децата.
РЕЗУЛТАТИ

Соберете ги поените за секое прашање според табелата:

Прашање 1 2 3 4 5 6 7
а 5 1 3 5 1 3 1
б 1 5 1 3 3 5 3
в 3 3 5 1 5 1 5

Доколку имате:

Од 7 до 16 поени: Детето во вас пораснало.
Повеќе им се препуштате на обврските отколку на забавата; повеќе сте окупирани со работата отколку со релаксацијата; ваш приоритет е мирот и редот во домот, а како да заборавате на одморот. Опуштете се! Бидете дете! Понекогаш ви е потребна само мала оддишка и сè ќе биде во ред. Бројте до 10 и дозволете си барем голтка чоколадно млеко „Моја кравица“. Тоа со гаранција ќе ве врати во детството и ќе ве направи безгрижни барем за миг, но истовремено ќе ви понуди идеално и вкусно решение за внесување на потребната количина витамини и хранливи состојки.

Од 17 до 26 поени: Не предавајте се!
Им се препуштате на емоциите, но разумот понекогаш како да не ви дозволува да бидете свои. Уживате со вашите деца и мечтаете по заборавените вредности, но чувствувате дека немате доволно време. Но, не предавајте се! Детето во вас сè уште живее и ќе продолжи да живее, само треба почесто да му нудите слатки и здрави задоволства. Со почесто консумирање на чоколадното млеко „Моја кравица“, вие си обезбедувате и калциум и витамини и нормално функционирање на организмот, а тоа дополнително ќе ви помогне и да се чувствувате како дете!

Од 27 до 35 поени: Вечно дете!
Вие сте вечен носталгичар! Живеете во времето кога растевте на улица со детските игри и го користите секој момент за да се вратите во времето. Сигурно пиењето чоколадно млеко „Моја кравица“ ви помага да се чувствувате така! Безгрижни сте во речиси секој момент, па понекогаш дури ви се случува и да ги занемарите обврските. Но, не грижете се! Само продолжете да го консумирате чоколадното млеко, бидејќи една шолја од овој добро познат чоколаден вкус содржи 40% од препорачаната дневна потреба за калциум.

[better-ads type='banner' banner='999' ]