Како да ја победите детската пребирливост на трпезата?

Надмудрете го детето, тоа секогаш пали!

0
333

Сигурно сакате вашето дете да се храни разновидно и здраво, но на тој пат често наидувате на „Јас не го сакам тоа“ и „Јас не го јадам тоа!“

Како да излезете на крај со пребирливоста на детето и како да го надмудрите?

Не оставајте простор за пребирање

За време на ручекот објаснете му на детето дека може да го јаде само тоа што се наоѓа на масата. Детето има право да го одбие оброкот, но за жал, во тој случај нема да изеде ништо. Освен што ќе го поттикнете детето на размислување колку е всушност гладно, тоа ќе научи на време колку е важно однапред да се планираат оброците. Имајте на ум дека детето нема фа се разболи нитуи пак да страда ако одбие еден оброк. Ако на детето сте му дале алтернатива, но тоа одбива повеќе последователни оброци, пробајте со некоја од следните методи.

Зачинете ја храната

Вистина е дека се децата многу чувствителни, но тоа не значи дека постојано треба да им нусите една иста храна. Експериментирајте со вкусовите и зачоините, само придржувајте се со правилото дека храната не смее да биде лута, се останато е дозволено.

Зеленчукот нека игра главна улога

Родителите им го нудат на децата зеленчукот како прилог за месните оброци и кога малку подобро ќе размислите. Воопшто не е чудно што ќе се одлучат да го одбијат зеленчукот кога имаат многу повкусна алтернатива на чинијата. Патлиџанот или тиквичките одлично ќе го заменат месото во лазањите, а комбинацијата на добро зачинет разновиден зеленчук ќе стане вистинска замена за месо. Најдобро е прво на масата да го послужите зеленчукот, а потоа се друго, затоа што се децата тогаш најгладни, а воедно и најмалку пребирливи.

Јадете заедно

Секогаш кога има можност, обидете се да го соберете целото семејство околу трпезата. Докажано е дека децата кои имаат редовни оброци во кругот на семејството имаат и поздрави прехранбени навики. Изгаснете го телевизорот за време на оброците и не се јавувајте на телефон.

Пробајте ја храната на детето 

Кога детето одбива одредена храна, пробајте залче и обидете се да му објасните дека е вкусно.

Ако ништо од ова не успее, користете го доброто старо подмитување

Кога хранењето ќе стане вистинско мачење, а детето ќе почне да одбива се повеќе видови на храна, можеби е време за овој чекор.

Најчестите реченици кои родителите ги користат за да го подмитат детето да го изеде ручекот се:

Нема десерт ако не го изедеш тоа што ти е во чинијата.

Нема станување од масата додека не пробаш по малку од се што имаш во чинијата.

Гледам дека не јадеш месо, може ли да му го дадам на брат ти? Од некоја причина ова е најделотворно затоа што во детето се јавува натпреварувачки дух.

[better-ads type='banner' banner='999' ]