Како да ја преживеете кризата на третата година?

Испадите на бес во третата година би можеле да бидат уште поголеми од оние што сте ги доживеале во втората година од животот на вашето дете. Имајте трпение...

0
1351

Преиспитувањето на вредностите, борбата за самостојност и постојаните прашања за се и за сешто, за истото по илјада пати – сето тоа влегува во кризата на еден тригодишник. Од мило и кротко дете за само една минута може да се преобрази во нескротливо ѕверче. Во третата година од животот настапува период кога ќе морате малку да ја попуштите контролата и да почнете да го гледате детето како суштетство кое расте и на кое му должите објаснувања.

Како да го разберете?

Замислете си вашиот живот да е контролиран од некоја голема и силна личност која одлучува што ќе јадете, што ќе облечете и која секој ваш обид за промена го сече во корен. Токму така изгледа животот на еден тригодишник кој иод друга страна се труди да стане голем. Дозволете му на детето можност за избор, но ограничете го изборот на две варијанти кои доаѓаат предвид. Што да облече за играње во паркот, тренерка или фармерки: Што да појадува, снегулки или јајца? Дозволете му на детето да одбере, дури и ако направи грешка, но никогаш не го поставувајте изборот така за детето заради тоа да се чувствува лошо. На пример: „Одбра тренерка, а не пантолони како што ти реков, и затоа не одиме на прошетка!“ Таква реченица му зборува на детето дека не е способно само да донесе добра одлука. Објаснете му на детето зошто е подобро да облече пантолони, а детето нека ја одбере бојата. Така ќе се чувствува самостојно и добро затоа што правилно одбрало.

Бидете мудри

Детето сигурно ќе се радува на обврските кои докажуваат дека е големо. Такви обврски не треба да има многу, но ваѓно е да се редовни. Направете картончиња со слика и текст на кои ќе биде опишана обврската на детето за тој ден. Да се избрише прашина, да се нахранат рипчињата, да се залее цвеќето. Со секоја исполнета задача детето, на пример, картичката од фрижидерот ќе може да ја префрли на табличката со извршени задачи. Ова ќе развива кај детето одговорност и самостојност.

Дополнителна помош

Основен предуслов детето да ја помине кризата со што помалку потешкотии е смиреноста на мајката. Ако е мајката сигурна во себе, добронамерна, подготвена да го ислуша детето, кризата нема да се продлабочува, туку ќе помине побрзо и помалку бурно. Запомнете дека детето ве сака, но минува низ тежок период. Во прв ред вашата љубов, разбирање, трпение и насмевка можат да направат чуда. И секако, позитивно размислување дека се ќе помине па така и тие мали детски кризи.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]