За бебињата понекогаш играчките не се воопшто битни. Како многу поважна тие ја доживуваат интеракцијата со родителите. Значи, пеење, разменување на насмевки, држење во раце и играње криенка со дланките, за бебињата се многу поинтересни од класичните играчки.
Еве како можете да си играте со бебињата:
Понудете му на бебето да проучува некои интересни работи
Ќе забележите дека ако нешто што му е интересно на бебето, го мрдате од една на друга страна, тоа ќе го следи тоа со погледот. Тоа се вика следење и е еден од најраните начини на истражување на светот од страна на бебето.
Поставете го бебето такашто ќе може да ја допре тропалката
Ова помага за детето да ја сфати поврзаноста на причината и последицата. Ако успее со рака или со нога да ја турне тропалката или тие да се помрднат и да испуштат одреден звук, тоа на бебето ќе му покаже дека неговата акција има реакција. Освен тоа, бебето ќе открие дека правењето на бучава е чиста забава!
Направете ја рутината забавна
Погалете се со вашето бебенце додека му ги менувате пелените, разгибувајте му ги ноџињата наутро, масирајте го после бањање… Ова помага за поврзување на мајката и детето, но исто така кај детето создава и свест за сопственото тело.
Листајте сликовници
Бебето е уште премногу мало за да го интересира тоа што ќе го читате, но сепак можете да се обидете. Ако не покаже интерес, листајте ги заедно сликовниците и дозволете му да ги истражува сликите и предметите во нив. Кога ќе стане малку постаро, веројатно ќе почне да ја џвака сликовницата з ада провери каков вкус има, а потоа следува онаа поубава фаза во која ќе ужива во читањето на приказните.
Разбудете ги сетилата
Бебињата се љубопитни па со интерес ќе почнат да допираат предмети со разлилни текстури кои ќе им ги понудите. Разбудете ги сетилата на бебето со меки, мазни, тврди, влакнести, ладни, топли или груви предмети. Бебињата на овој начин учат и како која текстура функционира што е добро за разработување и решавање на проблемите во иднина.
Дури и на бебињата им треба одмор
Родителите понекогаш знае да ги збуни однесувањето на бебето. Во еден момент тоа среќно си игра со нив, а во друг, раздразнето плаче. Што се случило?
Можно е бебето да дошло до врвот на својата стимулација и на овој начин ви порачлува дека му треба одмор. Кај секое бебе ова е разлино, па така некои бебиња можат да поднесат повеќе, додека пак другите многу брзо се заморуваат и сакаат одмор.
Ова се некои од знаците дека на бебето му е доста забава:
• Вртење на главата
• Виткање на грбот наназаф
• Затварање на очите или спиење
• Плачење
• Икање
• Препелкање или испуштање на незадоволни звуци
Кога ќе забележите некои од овие знаци, дајте му на бебето можност да се одмори. Тргнете ги играчките и лулајте го нежно во прегратки. Овозможете му на бебето да ги одмори сите сетила, па погрижете се за светлото, звукот, па избегнувајте дури и контакт со очите затоа што на некои бебиња и тоа знае да им биде силна стимулација.
Ќе знаете кога е вашето бебе повторно спремно за дружење кога погледот ќе му се разбистри и ќе стане ведро, ќе почне да ги врти рацете, нозете и целото тело кон вас, ќе престане да биде нервозно и нерасположено.