Како се одвикнуваат од пелени децата во светот?

Некои родители почнуваат рано со одвикнувањето од пелени, користејќи посебни методи, а се разликуваат од земја до земја, од култура до култура

0
1747

Начините на кои родителите ги одвикнуваат своите деца од пелените се различни во различни земји во светот, како што се различни и периодите кога почнуваат да ги одвикнуваат. Еве како го прават тоа родителите од другите краеви од светот.

САД

Гледајќи го остатотокот од светот, американските родители почнуваат причично доцна со одвикнувањето од пелени. Најчесто е тоа помеѓу втората и четвртата година од животот на детето. Тогаш, велат психолозите, веруваат дека е нивното дете и емотивно доволно зрело за да се ослободи од пелените. Американските родители при одвикнувањето од пелени ја користат сета можна и достапна помош. Тука се сликовниците, цртаните филмови, гаќички на повлекување, специјални пелени, посебни нокшири, мали даски за вц и многу охрабрувања.

РУСИЈА

Во Русија, родителите почлнуваат со одвикнување од пелени кога децата имаат околу 6 месеци или кога почнуваат да седат. Откако ќе дојдат во оваа фаза, нивните родители после оброкот или консумирањето на течност ги држат над нокширчето и чекаат да се ослободат од „вишокот“.

АРГЕНТИНА

Аргентинците користат главно западни мтоди на одвикнување, но во ова се значително поопуштени и околу сето тоа ме креваат голема „врева“За разлика од Американците, не се оптоваруваат со тоа дали ќе најдат вц доколку детето добие нагон, туку ги оставаат децата да завршат работа на отворено, нешто што на Амриканците не би им паднало на памет.

КИНА

Во руралните делови од КИна кадешто родителите не можат да си дозволат пелени за една употреба, се користат ќебенца и крпи како помагала во текот на одвикнувањето.

Кога ќе проодат, а често и многу порано, децата се облекуваат во пантолони кои можат да се откопчаат на препоните за да можат децата непречено да си завршат работа. Потоа кинеските родители го ставаат детето во положба на клечење и притоса испуштаат звуци со кои имитираат звук на мочкање кој би требало да го поттикне детето да се измоќка. После некое време детето почнуваат таквиот звук да го доживуваат како наредба за вршење нужда.

ГЕРМАНИЈА

Одвикнувањето од пелени кај децата во Германија најчесто почнува на ворзаст помеѓу 16 месеци и две години. Родителите се склони кон применување брзи методи на одвикнување од типот на оние „ослободете се од пелените за 3 дена“. Наводно, многумина им дозволуваат на децата да се шетаат голи дома и во дворовите и им даваат 72 часа за да научат како да вршат нужда на предвидените места за ова. Исто така, не им е туѓо ниту таканареченото „родителство без пелени“: децата од самото раѓање ги навикнуваат на живот без пелени и тврдат дека со овој чин тие се многу позадоволни и секако, побргу учат.

ВИЕТНАМ

Родителите во Виетнам почнуваат со одвикнување од пелени околу 9.месец и тоа користејќи посебна метода на свиркање. Слично како и во Кина, виетнамските родители го користат свиркањето како звучна наредба која гои поттикнува децата да почнат да мочкаат.

[better-ads type='banner' banner='999' ]