Шест начини на кои можете да добиете близнаци

Постојат методи за зголемување на шансите за двојна среќа. Се разбира, ако не сакате близнаци, не правете ништо од наведеното

0
1923

Ако сонувате за тоа да имате близнаци, погледнете како може да ги зголемите шансите за ова. Имено, постојат методи за зголемување на шансите да добиете близнаци, па погледнете ги во секој случај, особено ако сакате да избегнете повеќекратна бременост.

Кога се поголеми шансите за добивање на близнаци?

Близнаците најчесто се раѓаат кога во семејството имало повеќе близнаци. Појавата на близнаци во семејството на таткото не е толку важна. „Виновник“ за близнаците се жените кои имаат „хиперовулација“, односно, кои во текот на една овулација произведуваат повеќе од едно јајце. Тоа е веројатно наследна особина.

Ако сакате да имате близнаци – пијте млеко

Жените кои се вегани (или не јадат месо, риба, јајца и млечни производи) поретко добиваат близнаци. Истражувачот Гери Стејнман од Њујорк направил истражување и дознал дека веганите имаат пет пати помали шанси да добијат близнаци. Зошто? Веројатно им недостасува супстанцата ИГФ која се наоѓа во млекото и и месото и која го стимулира развојот на ембрионот во првите недели од бременоста и прави да можат да се развијат два ембриони.

Паузирајте со бременостите

Во подоцнежни години телото сфаќа дека е се помалку во можност да и овозможи на жената потомство. Затоа, во позрели години на жените почесто им се случува да ослободат не една, туку неколку јајцеви клетки во еден менструален циклус.

Контрацептивните пилули понекогаш носат близнаци

Контрацептивните пилули се одличен начин да ја спречите несаканата бременост, меѓутоа, ако нередовно ги земате доаѓа до мешање на хормоните кои можат да стимулираат хиперовулација. Зголемена шанса за добивање на близнаци има ако бременоста се случила во првиот месец по престанувањето на земањето на таблети.

Близнаците често имаат постари браќа или сестри

Имате поголеми шанси за раѓање на близнаци ако веќе сте родиле едно дете. А ако сте мајка на близнаци, никој не може да ви гарантира дека нема повторно да родите близнаци.

Лекување на неплодност

Хормоналните агенси кои се користат за лекување на неплодност влијаат на стимулација на овулацијата. Телото на жената тогаш произведува повеќе од едно јајце. Многу повеќекратни бремености исто така настануваат како резултат на вештачко оплодување, кога во матката се имплантираат поголем број на ембриони во надеж дека барем еден од нив ќе се развие правилно.

[better-ads type='banner' banner='999' ]