Губењето на првото млечно запче е премин во една нова фаза од животот на детето и во цел свет со ова е поврзан некој вид на обред. Некаде тој се состои во фрлање на запчето на покривот, некаде пак, децата го ставаат под перница од кадешто потоа додека детето се уште спие, родителите кришум го земаат и му оставаат долар, фунта или некој денар.
Но, што прават родителите потоа со запчето?
Некои од нив ги чуваат како спомен, додека пак други едноставно ги фрлаат.
Што можат да направат овие заби за вас?
Очигледно, многу.
Студија од 2003. Година покажала дека млечните заби се богати со матични клетки, кои се како протоклетки кои потоа можат да се одгледаат во повеќе видови на клетки, доколку е тоа потребно.
Ова значи дека подоцна во животот, доколку на детето му е потребно ткиво за замена од било која причина, матичните клетки од нивните млечни запчиња можат да бидат употребени за создавање на потребното ткиво. Навистина неверојатно!
Како можност, практиката на зачувување на млечните заби може да спаси животи и да се користи во лекувањето на многу болести.
Значи, ако мислевте дека размената на парички за запчето на вашето бебе е интересно, уште поинтересна е можноста од него да се добие било каков вид на ткиво, од срцеви до мозочни клетки кои можат да се искористат за поправка на оштетените ткива.
Но, има еден проблем: бебешките заби треба да се чуваат свежи. Во спротивно, ништо од матичните клетки бидејќи со текот на времето тие ќе ја изгубат својата моќ.
Едноставно, чувањето на млечните заби на вашето дете во кутија нема да биде доволно.
Наместо тоа родителите во некои земји имаат можност да користат услуги на сервиси од типот на Store-A-Tooth кадешто млечните заби се чуваат и се замрзнуваат во течен азот и на тој начин матичните клетки ќе останат во добра состојба и ќе бидат употребливи со години. Ако подоцна во животот, детето, кое тогаш може да биде веќе возрасен човек, доколку има потреба, може да ги подигне своите заби од сервисот во кој тие биле депонирани од неговите родители и да му ги достави на својот лекар. Изгледа дека старите верувања во моќта на млечните заби, навистина имаат основа.
Дали знаете зошто треба да ги чувате млечните заби на своите деца?
Докторите ги повикуваат родителите да ги зачуваат бебешките заби на своите деца затоа што се тие богат извор на матични клетки