Финската кутија за бебиња го освојува светот

Спиењето во кутии во Финска е традиција и секое новороденче без оглед на имотната состојба на своите родители спие во кутијата која ја добива кога ќе се роди, а која ги содржи и основните работи што му се потребни на бебето во првите месеци од животот. Спиењето во кутија се повеќе станува пракса и во остатокот од светот.

0
1075

Знаете ли дека се повеќе бебиња, наспроти сите модерни креветчиња и додатоци кои доаѓаат во форма на задолжителни помагала и опрема за бебиња, новороденчињата се почесто спијат во картонски кутии? И тоа токму во најбогатите држави како што е Финска.

Впрочем, овој феномен доаѓа токму од таму, а се почесто може да се најде и во другите земји во светот кој го препознале овој модел како здрав, еколошки и воопшто, етички прифатлив. Имено, Финска го вовела мајчинскиот пакет уште во 1938 година, а овој пакет содржи опрема за бебето како што е облека, прибор за хранење, играчки и се што му треба на бебето за првите неколку месеци од животот. Освен тоа, кутијата на бебето му служи како креветче во првите осум месеци од животот, па во неа се наоѓа и тенок душек прилагоден на големината од кутијата. Освен заради практичност, финските власти сметаат дека секој заслужува еднаков старт во животот што се постигнува токму со овие кутии.

Image result for finland babies box

Финците сметаат дека токму оваа кутија за бебиња е заслужна и за намалување на стапката на смртност кај бебињата од т.н. синдром на ненадејна смрт. Кутијата е направена такашто оневозможува било какво вртење на детето на страна или на стомак што, според зборвите на стручњаците ја намалува веројатноста за SIDS.

Финска е една од земјите со најмала стапка на смртност, речиси двојно помалку отколку на пример, во Америка.

Финската кутија стекна голема популарност по раѓањето на принцезата Шарлота, кога британската кралска двојка доби за подарок ваква кутија од државата Финска.

Малку по малку оваа идеја се проширила и во САД кадешто мајките можат да ја набават својата картонска кутија со разни додатоци, а можат и да ја добијат (од страна на владините агенции, болници…или да ја купат). Таму производот е познат како Baby Box Companyja, а се продава во неколку различни варијанти. Најосновната вклучува само кутија, душек, непропустлива прекривка за душек и чаршафче. Тој пакет чини 69 долари, но ако родителите сакаат малку поголем пакет, за него ќе издвојат околу 199 долари, а со ќе добијат и чорапи, боди, вреќичка за спиење, и органски производи за  бањање.

Британците исто така почнале со ваков проект а нивната British Baby Box го вклучува истото што и основниот пакет во САД а чини околу 71 долар. За повеќе, родителите треба да издвојат од 143 до максимум 214 долари.

На подрачјето на јужна Азија, популарни се Barakat Bundle кутиите со основните потрепштини како што е чиста спакувана облека, прекривки и мрежи против комарци. Тоа се наједноставните, ефтини кутии во кои покрај наведеното има и брошури со основните информации за нега на бебињата.

За да добијат мајките вакви кутии потребно е само да се регистрираат како трудници и бебето по раѓањето ќе ја добие својата кутија слично како и во Финска кадешто за добивање на кутијата е потребен само преглед отприлика околу четвртиот месец од бременоста.

Кутии постојат и во јужна Африка, кадешто се познати како Thula Baba Box, но таму наместо картонски, кутиите се пластични и можат да се употребуваат не само како креветче туку и како кадичка за бањање, а трудниците можат да ги добијат доколку ги поминат пренаталните предавања во кои е голем нагласок ставен на превенцијата од ХИВ.

Ако земеме предвид колку чинат бебешките креветчиња, кутиите се поефтини од која било друга варијанта. И на крајот, кога бебето ќе порасне кутијата се уште може да послужи како кутија за играчки.

[better-ads type='banner' banner='999' ]