Зошто трудниците не смеат да пијат од пластични шишиња?

Многу од нас користат пластични шишиња не знаејќи колку се штетни за нашето здравје, а најновата студија утврдила дека во најголема опасност се бремените жени.

0
620

 

Научниците утврдиле дека Bisfenol A (BPA), хемикалија која се користи во производството на поликарбонски шишиња, го зголемува ризикот од гојазност на децата чии мајки додека биле бремени пиеле од оваа амбалажа. Имено, децата кои се изложени на Bisfenol A стануваат помалку сензитивни на хормонот што го контролира апетитот.

Bisfenol A во бременоста негативно влијае врз работата на штитната жлезда.

Стручњаците признаваат дека не се изненадени од резултатите и ги предупредуваат идните мајки да бидат свесни за последиците.

Студијата што ја спровело Друштвото за ендокринологија во Вашингтон е правена врз бебиња од глувци. Истражувачите откриле дека глувчињата чии мајки биле изложени на Bisfenol A, се помалку осетливи на лептин, хормон кој често се нарекува и хормон на ситост.

Дури и мали концентрации од овие хемикалии кои ќе стасаат до бебето додека е во матката, можат да предизвикаат гојазност подоцна во животот.

[better-ads type='banner' banner='999' ]