Дали со децата треба да зборувате за секс?

Кога ќе дојде време родителите да зборуваат со децата за сексот обично им е непријатно и посакуваат да се свртат и да побегнат. Во ред е ако тоа ве прави нервозни и сосема е нормално тоа што всушност никогаш нема да бидете целосно подготвени за оваа тема, но и покрај тоа, важно е да зборувате за неа со вашето дете.

0
479

Сите деца се различни. Некои се отворени и секогаш подготвени за разговор, а некои се затворени и до нив тешко се допира, а има и такви кои мислат дека се знаат. Потрудете се во секој случај добро да ја обработите оваа тема. Можеби тоа нема да ви успее од првпат, но ќе имате и други можности. Важно е само да не бегате од разговорот за сексот.

Ако вие не зборувате за тоа, тие можеби нема да го сакаат, да го почитуваат и да го разбираат сопственото тело.

Ова е многу важно и за девојчињата и за машките. Сите треба да научат дека не треба да се срамат од промените што ги доживуваат. За да создаде детето правилен однос кон своето тело, прво мора да научи да го сака и да го разбира.

Ако вие не зборувате за тоа, детето нема да разбере за што зборуваат другите.

Во училиште сите ќе имаат што да кажат во врска со сексот, ќе раскажуваат вицови или да го уфрлаат „оној“ збор во секојдневниот говор. Сигурно ќе сакате вашето дете да разбере за што станува збор, наместо да биде изолирано од сите. Ќе морате да процените дали информациите што ги давате се прилагодени за возраста на детето, но имајте предвид дека мора добро да го подготвите за овој свет во кој сексот се споменува насекаде.

Ако вие не ги научите, тоа ќе го направи Холивуд но во друга верзија.

Ако сакате детето да учи за сексот од серии, филмови и ТВ емисии, може и така, но во нив ретко се поставува прашање за превенција, контрацепција, бременост…Вие сте единствената личност која сака вашето дете да знае се за овие теми.

Ако вие не ги научите, сигурно ќе ги научат социјалните мрежи.

Постојат бескрајно многу твитови и Инстаграм фотографии на оваа тема. Децата не знаат како да ги филтрираат сите тие слики и што да прават со нив. Освен кога ние ќе ги научиме што да гледаме. Така ќе знаат како да се однесуваат кон фотографиите кои не ни планирале да ги гледаат и како да ги толкуваат сликите и информациите што ги бомбардираат од сите страни.

Ако не ги научите може да бидат повредени.

Многу е важно да почнете да ги учите за сексот штом ќе пораснат толку што ќе можат да ви се изгубат од видот. Зборувајте со децата за соодветните и несоодветните допири од страна на познати и непознати луѓе. Имајте предвид дека сексуалното вознемирување и силувањето се две неправди кои се случуваат кога човекот најмалку се надева. Ако не зборувате на оваа тема, тие нема да знаат кога се повредени, дали смеат тоа да го спомнуваат и кому треба да му се обратат.

Во многу култури сексот се поврзува со нешто за што е срамота да се зборува. Во случај да му се случи нешто, детето треба да знае кому може да му се обрати, но првенствено сигурно сакате тоа да се чувствува пријатно за да може да зборува со вас за какви било па и за најмали сексуални проблеми или нејаснотии.

Ако вие не зборувате за тоа, уште првата или втората личност со која вашето ќе почне да се забавува, ќе го очекува тоа од вашето дете, а тоа нема да знае каков став да заземе.

Објаснете им на децата дека е сосема нормално уште пред да завршат средно училиште врсниците да се фалат и да зборуваат за тоа како да е сексот ништо или како да е се на светот. Кажете им дека многу такви приказни ќе бидат лаѓни. Децата едноставно сакаат да измислуваат многу работи за да бидат во центарот на вниманието. Но, исто така треба да нагласите дека не треба да се изненадат ако некој кој им се допаѓа или со кој се забавуваат ги праша да имаат секс. Кога љубовта и привлечноста се толку големи, ќе постои и желба. Тука доаѓаат до израз вредностите и децата сами ќе одберат, а ние како родители треба да им бидеме водач за да донесат вистинска одлука.

Ако не зборувате за ова, детето нема да знае да го одбере вистинскиот пат.

Деталите се многу важни за децата и тоа пред да почне да се забавува. Би требало да знае што може да очекува и во кој правец можат да тргнат работите. А личноста од доверба ќе му помогне да биде одговорно. Важно е да знае дека треба да има отворен и искрен однос со личноста со која се забавува. Само така ќе можат да зборуваат за се, дури и за првиот бакнеж. Затоа што и ссамиот бакнеж ја отвара вратата за други работи за кои е потребно да се разговара за обајцата да знаат кои се границите. Сите сме биле тинејџери и знаеме се за тие хормони.

Aко вие не зборувате за тоа, ниту детето нема да знае како да зборува за тоа со идниот партнер.

Ова е повеќе лекција за брак, но се почнува уште од младоста. Детето треба да научи да се чувствува пријатно кога ќе зборува со својот иден партнер за своето тело, за потребите, за она што им годи, а што не, и за ушпте многу други работи кои се однесуваат на сексуалноста. Никогаш не е рано за првите лекции за да научи на време да се чувствува пријатно и нормално и искрено да зборува за сексот со својот партнер во иднина.

Ако вие не зборувате, некој друг ќе зборува за тоа.

Тој „некој друг“ може да биде учителот, другарите, интернетот, телевизијата и слично. Зарем не сакате да бидете првиот од кој децата ќе ги научат најосновните и најважните работи за сексот?

[better-ads type='banner' banner='999' ]