10 класични „нуспојави“ кај бебињата што ве вадат од памет

За бебињата сите знаат се, ама секогаш има нешто што ќе ве извади од памет ако сте родител за првпат. Еве што треба да знаете за да не се плашите без потреба

0
3491

Мајките обично имаат многу очекувања од своите бебиња кои од друга страна пак, во принцип, не се раѓаат совршени, со слатки обравчиња и кожа како „бебешко газе“. Реалноста е поинаква, а тоа идните мајки мораат да го знаат само за да не се загрижат кога ќе го видат своето (не)совршено мало бебенце. Затоа што некои „нуспојави“ се сосема вообичаени и нормални. На пример:

  1. Гледаат разроко

Оваа појава е сосема нормална кај бебињата до околу 6 недели старост затоа што нивните очи сре уште не се развиени како што треба. Бидете без грижа, дури и ако тој период е некогаш малку подолг. Сепак, доколку тоа трае подолго треба да се консултирате со вашиот педијатар.

  1. Гласно и чудно дишат додека спијат

Дишењето е една од најголемите паники кои ги преживуваат родителите во првите денови со своето бебе затоа што кај бебињата се слуша секој здив, секоја промена во ритамот на дишање, рчење, престанок на дишењето па потоа повторно воздишка. И тоа е сосема нормално. Нивниот центар за контрола на дишењето се уште не е развиен како што треба поради што нивното дишење, особено додека спијат е често нерамномерно и некогаш гласно.

  1. Moров рефлекс

Ненадејно ширење на рачињата како во паника е уште една причина поради која родителите знаат да се исплашат. Без грижа, тоа е класичен Моров рефлекс кои после првите неколку месеци од животот на вашето бебе веќе ќе почне да ви недостасува. Ова ширење на рачињата и слатко неартикулирано движење често знае да ги разбуди од сон и нив самите.

  1. Црвени дамки

Веројатно веќе сте имале можност да видите мало бебе со чудни црвени дамки по лицето. Најчесто бебињата се раѓаат со нив некаде во областа помеѓу очите и на капаците. Но тоа не е ништо друго освен премногу капилари под тенката кожа и ќе помине само од себе со тек на времето.

  1. Влакнесто грпче, рамења, чело

Ако е ова случај со вашето бебе, без грижа, тоа се само заостанати лануго влакненца, природна заштита на бебешката кожа која со време ќе исчезне. Без паника!

6. Жолтеникави наслаги во косата

Тоа е благо воспаление на лојната жлезда поради која нежната кожа на главчето се суши и така настануваат тие познати жолтеникави слоеви кои веројатно повеќе ви пречат вам, отколку на вашето бебе. Можете да ги третирате со млака вода, нежно бебешко масло и со четкање со помош на меки бебешки четки.

7. Грутчиња во устата и на непцата

Икао нивното име Гингивални цисти не звучи добро, всушност станува збор за минлива состојба која се јавува кај 80 отсто од новороденлињата. Станува збор за цисти кои поминуваат спонтано уште во првите недели од животот.

  1. И бебето има цициња! 

Да, некои бебиња се раѓаат со цициња, па дури има и случаи кога од нив им потекува и малку млеко, но тоа е прилично нормално поради хормоните кои во малиот организам на бебето се уште не се стабилизирани. Затоа некои бебиња се раѓаат со поголеми цициња, но и тие за неколку недели или месеци, ќе исчезнат.

  1. Крокодилски солзи

Солзните каналчиња кај бебето се толку тесни што некои бебиња едноставно се раѓаат со буквално затнати канали кои со време ќе се прошират и ќе се отворат колку што треба. Но дотогаш бебето би можело да плаче и кога не плаче, односно, можно е на таквите бебиња во првите денови од животот да им треба малку повеќе нега за да не им се воспалат очињата. Но и тоа е сосема нормална појава која обично се стабилизира сама од себе, отприлика до првиот роденден.

  1. Шпицеста глава

Без грижа, главата на бебињата е се уште многу мека и има доволно време да се оформи како што треба.

[better-ads type='banner' banner='999' ]