Родителството е вештина која се учи патем и никогаш не може до крај да се усоврши. За родителство не може да ве подготви ниту една книга ниту совет. Да се биде родител значи секојдневно да се учи со детето што го одгледувате. Притоа, понекогаш не е чудно и да се згреши, но важно е грешките да се препознаат, а особено да не се дозволи тие да имаат негативно влијание на детето.
- Не сте доследни
Најчеста грешка на речиси секој родител е игнорирањето на детето кога ќе направи нешто лошо. Тоа во принцип не е толку погрешно, но лошо е ако подоцна го искарате. Тоа го учи детето дека и во иднина ќе го добие саканото внимание ако се однесува лошо. Исто така, забрането е користењето на тајм-аут секогаш кога детето лошо се однесува. Ќе ја изгубите својата делотворност и ќе се чувствувате како да се што правите е борба со детето. Ако нешто им кажете на децата, а тие не ве послушаат и потоа не следува ништо, на децата им испраќате порака дека не мислите сериозно и дека не мораат да ве слушаат. Детето добро знае дека со игнорирањето на вашите барања ќе добие на време.
- Премногу наредувате
Ако на детето постојано му приговарате, можно е дека на вашето дете ќе му здосадат сите тие наредби. Ако имате немирно дете секако дека неговото однесување бара повеќе предупредувања, но би било добро мудро да ги филтрирате. Ако детето константно го слуша вашиот глас и вашите приговори како звучна кулиса зад себе, ќе научи едноставно да го игнорира вашиот глас, па нема да го слушне ниту она корисно што имате да му кажете. Ништо не го поттикнува детето повеќе на соработка од нежен тон на гласот: Тивкиот говор ви помага да ги контролирате негативните емоции, а особено лутината. Тивкиот глас смирува и го поттикнува вниманието, а на крајот ќе ја поттикне и соработката такашто создава опуштена атмосфера и го охрабрува детето.
- Премногу велите „НЕ“, а премалку „ДА“
Детето кое премногу го слуша зборот „НЕ“ во некој момент ќе престане да ве слуша затоа што го збунувате и го фрустрирате. Исполнете му го на детето секое разумно барање. Нека ви стане правило да ја исполнувате секоја желба на детето – освен ако немате добра причина за спротивното. Во контекст на ова, би требало да ја проретчите употребата на изрази како „не, не смееш, не можеш, забрането е“. Обидете се да ги избегнувате одречните изрази секогаш кога е тоа можно. На пример, ако детето сака да јаде колачи пред ручек, наместо да кажете „не може“ или „не може сега“, обидете се да кажете: „да, може, но после ручекот“. Оваа мала промена во начинот на изразување ќе ја промени перцепцијата на детето и наместо да чувствува како родителите да му ги ускратуваат повеќето желби, ќе забележи дека повеќето негови желби со задоволство му се исполнуваат под одредени услови.