Дали родителите се навистина премногу грижливи кога станува збор за студот и за децата? Веројатно знаете и сами колку пати ви се случило да се препотите додека да ги облечете децата за надвор и за овие квазисибирски температури, а додека вие да ги облечете своите чизми, тие веќе расоблекле половина од работите што едвај сте им ги облекле.
Тоа добро го знаат мама и тато Холдернес кои го преработиле хитот на Еминем „Lose Yourself“ и снимиле своја верзија „Shoes Yourself“, а овој хит за само неколку часа ја обиколил земјината топка и на сите родители кои моментално живеат на минус, опкружени со снег, им покажал дека не се единствени во оваа сурова борба помеѓу грижливите родители и децата кои по никоја цена не сакаат да бидат заробени во толку многу слоеви облека.