По анализата на 377.000 средношколци во САД, истражувачите дошле до заклучок дека најстарите деца во семејството се најинтелигентни, односно, постигнуваат подобри резултати во решавањето на тестовите на интелигенција. Освен тоа, поискрени се од помладите браќа и сестри и посклони кон доминантно однесување, но се и помалку друштвени, поконзервативни и послабо поднесуваат стрес.
Затоа што за време на растењето се грижеле за помладите, најстарите деца се често добри родители и посклони се кон тоа да имаат деца. Најмладите деца се почесто поотворени и подруштвени, како и децата кои немаат браќа и сестри. Сепак, токму затоа што се сами знаат да бидат и понервозни.
Средните деца знаат да поставуваат пред себе неразумно високи цели затоа што имаат чувство дека мора да бидат подобри од постарите браќа и сестри. Често се многу амбициозни и ретко се себични. Знаат да бидат помалку одговорни од постарите и понесериозни. Најмладите по правило добиваат повеќе внимание од родителите и од останатите членови на семејството па затоа знаат да се чувствуваат несигурно и недоволно искусно. И тие тежнеат да бидат подобри од постарите, дури и повеќе од средните деца. Често постигаат голем успех во животот, во областа што ги интересира. И единците имаат потреба да се натпреваруваат со некој во семејството, а бидејќи немаат браќа и сестри – се натпреваруваат со таткото. Неретко се размазени и уверени се дека светот се врти околу нив. Знаат да бидат многу зависни од родителите и почесто имаат проблеми во интеракцијата со врсниците. Многу од нив стануваат перфекционисти и сакаат да дојдат до зацртаната цел без оглед на се, пишува BrightSide.