Се повеќе мајки дозволуваат поголемите деца да го гледаат породувањето

Некои жени сакаат таткото да присуствува на породувањето, а се повеќе се оние кои ги повикуваат и своите постари деца да гледаат како доаѓа на свет нивното помало братче или сестра.

0
320

Веќе не е необично татковците да присуствуваат на раѓањето на нивните деца, а кругот на присутните се повеќе се зголемува. Сега, освен баби, дедовци, другарки и слично, се повеќе жени во светот сакаат и дозволуваат на породувањето да присуствуваат и нивните постари деца и да гледаат како доаѓа на свет нивното помало братче или сестра.

Следејќи го овој тренд и Џејми Оливер открил дека неговите ќерки Попи (14) и Дејзи (12) присуствувале на породувањето кога неговата сопруга Џулс неодамна се породила по петти пат.

„Горда сум на своите најстари ќерки кои ја пресекоа папочната врвца“, напишала Џулс на Твитер после породувањето. И тогаш многумина на социјалните мрежи ја критикувале оваа одлука, коментирајќи дека децата не би требало да присуствуваат на породувањето заради ризик од психолошки последици.

Некои жени добро го поднесуваат породувањето, но сеедно е тоа премногу крв, пот и солзи за очите на децата. Токму од таа причина до неодамна ниту на татковците не им беше дозволено да присуствуваат на породувањето.

Ненси, мајка чии девојчиња исто така присуствувале на нејзиното породување вели дека не се кае заради таа одлука и смета дека тоа им помогнало на нејзините ќерки да ја надминат погрешната претстава за доаѓањето на свет на децата.

„Не е толку страшен настан. Една од моите ќерки после тоа рече: „Дојдовме дома, мама се породи, потоа јадевме и гледавме ТВ. Толку за целата драма. И токму така би требало да биде“, вели Ненси.

[better-ads type='banner' banner='999' ]