Во книгата на др. Кристиан Нортроп „Мудроста на мајчинството“ содржи многу важни информации за создавањето на здрави односи во семејството кои подоцна влијаат врз животот на детето.
Колку и да се потпираме на темпераментот и на индивидуалноста на детето, не можеме да го занемариме фактот дека квалитетот на врската помеѓу мајката и бебето во моментот на раѓањето и во текот на првите неколку месеци се исклучително важни затоа што ќе создадат образец за развој на другите блиски односи во подоцнежниот живот на детето. Станува збор за првото искуство на детето кога тоа сфаќа дека е сакано и ценето.
„Тоа искуство директно влијае врз растот и развојот на оние делови од мозокот кои на физичко ниво формираат подлога за емоционално врзување и физичко здравје во годините кои доаѓаат“, објаснува др. Норторп во својата книга.
Ова не е никаква научна фантастика и романтично поимање на родителството како што им изгледа на некои, туку е научно докажано. Истражувањата недвосмислено потврдуваат а и самите можете да се уверите со примери од околината дека силата на нашите односи во возрастното доба градат посилен имунолошки систем и поголема отпорност на болестите. Периодот после породувањето е токму тоа клучно време во кое треба да дадете се од себе, да бидете што повеќе со бебето, да не се одвојувате од него, да го сакате, да спиете со него, да го бакнувате, да го галите, да му пеете, да го доите ако е тоа возможно…Сето тоа е залог за посреќната иднина на детето без оглед на тоа колку напорно понекогаш изгледа да се одговори на сите потреби на бебето. Иако во суштина љубовта е она што најмногу им треба, но љубовта се изразува токму преку таа блискост и постојана поддршка.
Честопати мајките за да се одморат после породувањето или подоцна дома, гледаат да му го дадат бебето на некој друг да го причува. Одмарајте заедно, бебето и онака повеќе спие на почетокот, а помирно ќе спие покрај својата мајка. Помислете колку ноќи сте пробдеале на забави и на прослави претходно, па сепак, не сте решиле затоа што сте уморни да одите на спиење токму кога ви било најзабавно, зошто е тогаш толку тешко да останете со вашето бeбе на кое, реално, му требате многу повеќе отколку на сите ваши пријатели на сите журки на овој свет?