„Тоа беа лесно заработени пари, но мајката никогаш не се враќаше дома на време. Со текот на времето, почнав да ја притискам да ми каже кога ќе дојде бидејќи не можев да ништо друго да направам“, вели анонимна 28-годишна дадилка на Редит.
Меѓутоа, иако мајката почнала да ѝ кажува кога планира да се врати, таа никогаш не се појавувала во договореното време.
„Отидов да ја чувам за да може да оди на саботен бранч, а таа остана таму од 11 до 19 часот Целиот ден ми отиде. Дури и не ми се јави да каже дека ќе доцни“, објаснува дадилката.
И минатата сабота сè ескалирало, а таа повикала полиција.
„Дојдов кај неа во 18 часот, а таа вети дека ќе се врати до 21. Ѝ кажав дека планирам да излезам со пријателите и ја замолив да си дојде во договореното време. Се разбира, во 21 часот ја немаше. Ѝ се јавив, но не ми одговори. Пратив порака, пак ништо. Веќе беше 22 часот, неуспешно се обидував да ја добијам. На полноќ ми беше јасно дека плановите ми се уништени, бев лута и исцрпена, па ѝ се јавив и ѝ оставив порака во говорната пошта дека ако не се појави во рок од еден час, ќе сметам дека ги напуштила децата и ќе повикам полиција. Ѝ пратив и порака“, раскажува дадилката.
Таа се обидела да стапи во контакт со неа повторно после 30 минути, истакнувајќи дека не го познава таткото на децата или некој друг член од нејзиното семејство, па затоа не може да контактира со никој друг.
„Кога поминаа уште 15 минути, ја исполнив мојата закана и повикав полиција. Кога пристигнаа, им ја покажав пораката во која мајката ми кажува кога ќе дојде дома. И полицајците се обидоа да стапат во контакт со неа, но безуспешно. Тие кажаа дека јас можам да си одам, а децата беа однесени во полициска станица“, продолжува таа.
Во 3 часот по полноќ ја разбудил безумниот повик од мајката која ја прашувала каде се нејзините деца.
„Ѝ кажав дека ја исполнив мојата закана и да провери во полициска станица. Ме опцу, ја спуштив слушалката и отидов да спијам“, вели таа.
Следниот ден добила порака од мајката дека полицијата го известила таткото на децата, а социјалните служби покренале истрага.
Дадилката посочува дека не мислела ништо лошо, како и дека била убедена дека не згрешила додека една пријателка не ѝ рекла дека сепак требало да ја почека мајката и никогаш повеќе да не се грижи за децата, наместо да повика полиција.
„Таа ме праша дали вреди потенцијалната загуба на нејзините деца заради нејзината ситничавост“, додала дадилката, прашувајќи ги и другите дали навистина греши.
Објавата собрала над 20.000 коментари. Според повеќето корисници, дадилката не погрешила и однесувањето на мајката го сметаат за неодговорно.
„Таа е невнимателна и неодговорна. Заслужува истрага ако не може ни да се обиде да одговори“, вели едно лице.
„Иако јас веројатно би го направила она што ви го кажала вашата пријателка, воопшто не ве обвинувам што сте повикале полиција. И од градинка би го направила истото ако некој не се појави да го земето дете шест часа“, додава друг.
Таа е себична и виновна е за сите последици“, истакнува третата.
Иако многу корисници на Редит го поддржале изборот на дадилка, имало и такви кои забележале дека таа одамна требало да престане да работи во тоа семејство.
Фото: Pexels