Мајка споделила генијален трик за да го спречи изливот на детскиот бес во продавниците за играчки.
Една паметна и снаодлива мајка нашла едноставен, но генијален родителски трик за да ги избегне детските изливи на бес во продавниците и супермаркетите воочи Божик.
Со оглед на тоа што се наближува празничната сезона, секој родител знае дека изборот на најдобрите новогодишни играчки кои треба да ги постави под елката за Божик е од најголема важност. Сепак, додека полиците на продавниците се преполни со примамливи играчки, детските изливи на бес во супермаркетите се практично неизбежни.
За среќа, оваа мајка споделила генијален метод за одвлекување на вниманието на децата кога тие маѓепсани од играчките почнуваат со изливи на бес.
Методот го нарекла метод „фотографија“.
Кристина Вотс на Фејсбук го споделила својот „најневеројатен родителски трик досега“, кој вклучува едноставно фотографирање на играчката што вашето дете ја сака за Божик.
Кристина објасни дека само ќе ја фотографира својата ќерка како го држи подарокот што го сака, а потоа ќе го „испрати на Дедо Мраз“ да ѝ го донесе за Божиќ. Наместо тоа, таа ја зачувува фотографијата на нејзиниот телефон или ја проследува до секој што планира да купи божиќен подарок за нејзиното дете.
Пишувајќи го овој генијален совет на Фејсбук, таа додава: „Нашите шопинг патувања беа многу поболни во овој период од годината. Играчките се насекаде … и секако моите деца САКААТ СЕ. Се разбира, јас би сакала да имам слатки, добро воспитани, скромни, мирни деца, кои не бараат сè… но немам.
Кристина тврди дека оваа техника отсекогаш функционирала. „Тоа е магично. Без солзи. Без гнев“, се пофалила таа.
Фото: Freepik