Експертите велат дека никогаш не треба да им кажувате на децата да се смират

Сите сме му кажале на нашето вознемирено или луто дете да се смири во обид да ставиме крај на некоја непријатна ситуација, но експертите велат дека треба да се воздржиме од изговарањето на таа фраза.

0
109

Според новите совети за родителство, фразата која им ја кажуваме на децата за да ѝ ставиме крај на некоја непријатна ситуација, односно, кога им велиме да се смират, е „отфрлање на детето“ и се доаѓа до заклучок дека детето не треба да го чувствува она што го чувствува и дека е пожелно тоа да прекине. Иако ова можеби не е она што го мислите, со таква фраза го постигнувате токму овој резултат.

Изливи на гнев и фрустрација

Кога нашите деца ќе се вознемират, особено ако се помали, понекогаш може да биде тешко и фрустрирачки да откриеме што се случува. Децата од предучилишна возраст и малите деца честопати се склони кон напади на гнев. Ќе плачат, ќе викаат и ќе протестираат, а понекогаш и ќе се фрлат на земја.

Обично во такви ситуации од устата на родителите излегува фразата „смири се“.

Важно е да знаете дека тоа не ве прави лош родител. Тоа ве прави луѓе кои се занимаваат со мали луѓе, а тоа не е лесна задача.

Сепак, тешко е да се излезе на крај со нападите на гнев, но оваа фраза навистина не го решава проблемот. Без разлика дали вашето дете е вознемирено заради тоа што му било кажано „не“ или му била дадена наредба да легне во кревет, важно е да не ги девалвирате неговите чувства и да не игнорирате како навистина се чувствува.

Ако кажете „смири се“, тоа може да се затвори. Ако ги игнорирате нивните чувства, тие нема да имаат шанса да научат како да се справат со она што ги вознемирило, што на крајот може да ги доведе до поголеми проблеми во зрелоста.

Изливи на гнев се случуваат затоа што децата не знаат како да се справат со нивната вознемиреност. Главната задача на сите родители е да ги научат децата како да се справат со сопствените емоции. Поставувајте прашања, поддржувајте ги, останете смирени и дозволете им да ги почувствуваат сите чувства, дури и вознемиреност, фрустрација, тага и лутина. Кажете им дека е во ред да се чувствуваат така, признајте дека забележувате дека не се среќни и покажете интерес за причините за нивното расположение.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]