Маќеата дозволила девојчето да гледа Squid Game, мајката збеснала

Една мајка полудела откако маќеата ѝ дозволила на нејзината ќерка да ја гледа новата хит-серија на Нетфликс „Squid Game“ (Игра со лигњи) 

0
241

Сите зборуваат за хит серијата на Netflix Squid Game, па затоа не е изненадување што децата се заинтересираа за неа.

Во оваа јужнокорејска серија, стотици задолжени луѓе се натпреваруваат за парична награда. Притоа, тие играат игри што ги сакале како деца. Иако звучи безопасно, серијата добива крвав заплет. Бидејќи серијата стана толку популарна, некои училишта издадоа предупредувања до родителите да не дозволуваат децата да ја гледаат, но за некои спорното сценарио не е проблем.

Една маќеа од САД на Редит открила дека гледала епизода со десетгодишната ќерка на нејзиниот партнер.

„Мојата поќерка беше со нас минатиот викенд и ме праша дали сакам да гледам Squid Game. Ја видов како се појавува на Нетфликс, но не го прочитав описот. Детето ми рече дека веќе гледала пет епизоди, но дека со мене ќе гледа од почетокот“, објаснила маќеата.

Таа се согласила и заедно ја гледале првата епизода.

„Беше крвава, но заклучив дека е тоа во ред затоа што веќе гледала пет епизоди дома. Не се плашеше и разговаравме за тоа како се во филмовите е лажно и како се користат специјалните ефекти. Но, очигледно тоа не беше во ред за нејзината биолошка мајка“, продолжила таа.
Имено, мајката ја нападнала бидејќи ѝ дозволила на ќерка си да гледа серија која не е соодветна на нејзината возраст.

„Таа ја одгледала серија дома, на компјутерот на нејзината мајка и ние сме виновни. Не знам како да се справам со ситуацијата”, заклучила таа и побарала совет од другите.

Луѓето рекле дека серијата навистина не е соодветна за дете на таа возраст, но и дека девојчето ја изманипулирало.

„Јасно е дека таа немала дозвола од нејзината мајка да ја гледа серијата, но вие сте наседнале“, „Тоа не е ваша вина. Детето ве излажало, односно не ви кажало дека мајка ѝ брани да ја гледа. Морате да договорите јасни граници и нема да има вакви ситуации“, коментираат тие.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]