Како изгледа животот на самохрана мајка на 14 деца?

Замислете дека треба самостојно да се грижите за 14 деца. Тоа е животот на Надја Сулеман. Оваа жена е самохрана мајка на 14 деца, вклучувајќи ги и осморките родени во 2009 година со ин витро.

0
141

Надја Сулеман пораснала како единица и отсекогаш сонувала да има големо семејство. Меѓутоа, заради проблеми со плодноста, не можела да забремени природно. Заштедила пари за медицинско потпомогнато оплодување и на тој начин родила шест деца. Но, сакала уште едно. Наместо уште едно, ултразвучниот преглед открил дека носи осум деца.

Подоцна, откако таа стана позната во цел свет кога во Јануари 2009 г. роди 8 бебиња, станувајки втора жена во САД која го направила тоа, нејзиниот доктор, еспертот за плодност др. Мајкл Камрава бил обвинет за негрижа во неговиот третман на Надја бидејќи ѝ ставил во матката 12 ембриони.

Др. Камрава се бранел дека неговата пациентка се согласила да биде „човечко заморче“, со тоа што и биле ставени 12 ембриони како дел од една студија за плодност.

Во 6 -от месец од бременоста, нејзиното ребро се скршило и таа морала да помине шест недели во кревет. Заради компликации, бебињата се родиле со царски рез.

Во тоа време, Надја била невработена и живеела со нејзината мајка, но ја прифаќала секоја работа што ѝ била понудена.

Во 2012 година, таа прогласила личен банкрот заради долгови над 1 милион долари. Морала да се исели од домот, па за да заработи за живот, започнала да снима порно-филмови. Работата на стриптизетата ѝ обезбедила дополнителен приход. Сето ова ја довело до зависност од лекови за смирување и во 2014 година добила две години условна казна и 200 часа општествено корисна работа, а ѝ било наредено и да врати 26.000 американски долари заради измама поврзана со социјалната помош.

„Живеевме неуредно, но се држевме заедно. Бевме силно семејство и покрај она што многумина веруваат”, рекла Надја.

Сега живее во куќа со три спални соби во округот Оринџ, пишува Bright Side. Надја и нејзините деца се вегани. Саботата е резервирана за забава, а потоа сите поминуваат време заедно. Сепак, нејзиното најстаро дете полека почнува да ја избегнува таа семејна традиција. Вели дека повеќе нема намера да раѓа.

Фото: Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]