Кенади Журдин-Бромли од Онтарио, девојчето кое беше родено во февруари 2003 година и тежела само еден килограм, сега е полнолетна и тежи само 10 килограми. Кога се родила ѝ била дијагностицирана форма на џуџест раст, па постоеле тешкотии со нејзиниот ментален развој и дигестивниот систем и не се очекувало да живее долго.
Нејзините родители биле очајни. Веднаш по раѓањето ја крстиле, за да има барем име пред да се пресели на другиот свет.
„Мислевме дека ќе умре кога ја однесовме дома“, вели нејзината мајка во едно постаро видео. Но, деновите минувале и девојчето не се откажувало, било решено да живее. Тоа било чудо.
Нејзините екстремитети се развивале нормално, но сепак имала некои потешкотии во учењето. И покрај нејзината висина, таа е среќна, позитивна и млада девојка.
Сака куглање со пријателите. Има желба да научи да плива и сите околу неа велат дека има толку многу енергија што им ја пренесува и ним.
Како актерка ја запознавме во филмот на Рита Хорст Еep од 2010 година кадешто глуми птица која изгледа како девојче, но наместо раце има крилја.
Се појавува и во Unbelievable Medical Conditions (2010) и Incredibly Small: Kenadie’s Story (2008).
Сега има 18 години и е тешка само 10 килограми.