Како да препознаете дали вашето дете е жртва на насилство?

Во многу случаи насилството останува скриено, понекогаш затоа што децата-жртви се срамат, а понекогаш и затоа што родителите не можат да го препознаат проблемот.

0
146

Насилството не е ништо ново. Постои од древни времиња и единствената разлика е во тоа што во поново време е поттикнато од појавата на медиумите. Постојаната злоупотреба може да предизвика сериозни последици за жртвата и од физичка и од ментална природа. Во многу случаи останува скриено, понекогаш затоа што децата се срамат, а понекогаш и затоа што родителите не можат да го препознаат проблемот. Ако се прашувате како ќе препознаете дали вашето дете е жртва на насилство, порталот You Are Mom во интервју со експерти понуди некои одговори на честите родителски прашања.

Што е насилство?

Самиот термин означува каква било форма на злоупотреба или вознемирување насочена против некое лице, директно или електронски. Се однесува на настани што се случуваат во училиште или која било образовна институција. Се манифестира преку физичка агресија, закачки, навреди, дискриминација, клевета и секаков вид психолошка манипулација. Тоа влијае на жртвата емотивно, физички и/или ментално.

На која возраст може да започне насилството?

На возраст од 6, 7 години, децата веќе се свесни за штетата што им ја прават на другите и тогаш можат да препознаат дека можеби доживуваат такво нешто.

Кои се најчестите карактеристики на детето кое трпи насилство?

Сите деца можат да бидат малтретирани, но насилниците најчесто бараат покорни и повлечени деца, кои имаат помалку пријатели и често се сами. Кога избираат кого да нападнат, избираат дете за кое мислат дека полесно ќе го победат.

Кој е најчестиот профил на дете кое врши насилство?

Не постои специфичен профил, но честопати станува збор за деца кои биле злоставувани во својот дом или околина. Исто така, можно е ова дете да се бори со нарушување на личноста што ја компромитира неговата или нејзината адаптација кон општеството. Со повредување на другите, се обидува да се реализира себеси.

Како да ги препознаете знаците дека детето страда од насилство?

Повеќето злоупотребени деца доживуваат промени во однесувањето, како што се нарушувања на спиењето, кошмари, депресија, раздразливост, нарушувања во исхраната итн. Кога станува збор за адолесцентите, тие често се изолираат од пријателите и саканите и претпочитаат осаменост.

Како да разликуваме конфликт од насилство?

Конфликтите се појавуваат импулсивно. Во повеќето случаи, тие не се повторуваат. Злоупотребата се случува редовно.

Дали девојчињата и момчињата вршат ист вид насилство?

Кај момчињата, насилството се состои претежно од физичка и вербална агресија, заради импулсивноста карактеристична за полот. Девојките, од друга страна, почесто ја изолираат жртвата и ја исклучуваат од групата врсници. Кај постарите девојчиња доаѓа до поголема агресија.

Кои се последиците од насилството?

Последиците најчесто влијаат на сите делови од личноста на жртвата. Некои од последиците се вознемиреност, депресија, самоубиствени мисли, емоционални нарушувања, ниска самодоверба и самопочит, психосоматски проблеми и така натаму.

Дали може да се избегне насилството?

Можно е да се избегне насилство, но за да се спречат ваквите проблеми, потребно е вклучување на целата заедница. Љубовта и образованието играат фундаментална улога бидејќи на тој начин ги всадуваме во нашите деца вредностите и одговорностите со цел хармоничен живот. Неопходно е да ги научиме децата да се почитуваат себеси и се што ги опкружува, како и да ги научиме на емпатија уште од рана возраст.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]