„Sharenting“ (англ. share: споделување, parent: родител). Да, така се вика она што се случува денес. Речиси сите објавуваат фотографии од своите деца на социјалните мрежи, во различни прилики. Околу тоа се водат и многу полемики и на крајот секое семејство си има свои правила и родителите сами одлучуваат каква практика да применат. Тука, сепак, ќе се обидеме да наведеме некои ситуации во кои е потребна дополнителна претпазливост.
Прво, треба да ги проверите безбедносните поставки на нашите социјални мрежи, како и да прочитате што претставуваат одредени ограничувања. Социјалните мрежи треба да го почитуваат законот, но понекогаш некои ограничувања едноставно се заобиколуваат. Прочитајте ги поставките за приватност пред да ги прифатите и продолжите затоа што сметате дека немате време за тоа.
Објавувањето фотографии на првиот училишен ден е особено популарно, но ситуацијата лесно може да излезе од контрола. Откривате детали за училиштето што го посетува вашето дете, што не е информација што сакате сите да ја знаат ако се грижите за безбедноста на вашето дете.
Општо земено, неопходно е да се ограничи споделувањето на локацијата на социјалните мрежи, бидејќи на тој начин откривате вредни информации за вашиот живот, особено местата што вие и вашите деца почесто ги посетувате. Личните податоци на вашето дете, исто така, не треба да бидат изложени, ниту интимните делови на децата.
Уживате во ситуации кога детето седи на нокшир затоа што сте горди на новата вештина што вашето дете конечно ја усовршило. Уживате во игрите и насмевките на одмор покрај море, така што не можете да одолеете да не споделите фотографија од децата кои безгрижно се брчкаат во плиткото. Бидете внимателни со вакви фотографии, бидејќи тие можат лесно да се искористат и да се прошират понатаму, и важно е да имате на ум дека вашето дете можеби нема да биде воодушевено од вашите објави еден ден кога ќе порасне.
Фото: Unsplash