„Мамо, ме боли стомакот“: реченица што не смеете да ја игнорирате

Д -р Никол Савангпонт Патамануч, гастроентеролог во Детската болница во Сиетл, објаснува каква болка во стомакот е поврзана со стресот и вознемиреноста, препорачува техники кои можат да ја ублажат непријатноста кај детето, но и кои симптоми треба да ги загрижат родителите.

0
233

„Мамо, ме боли стомакот“, се зборови што децата често ги изговараат. Зошто таа реченица? Не е невообичаено децата да се жалат на болки во стомакот на почетокот на учебната година, пред испит или приредба – кога стресот и вознемиреноста се на многу повисоко ниво. Иако некои родители нема да се загрижат за тоа, други ќе се чувствуваат несигурни како да ја решат болката на своето дете.

Д -р Никол Савангпонт Патамануч, гастроентеролог во Детската болница во Сиетл, објаснува каква болка во стомакот е поврзана со стресот и вознемиреноста, препорачува техники кои можат да ја ублажат непријатноста кај детето, но и кои симптоми треба да ги загрижат родителите.

Според истражувањето на PLOS One за болките во стомакот кај децата, хроничната болка е чест проблем во детството, со стапка на инциденца од 0,3 до 19 проценти кај училишните деца во Соединетите држави и Европа. Меѓутоа, кај речиси 90 проценти од овие деца, не постои дијагностицирана болест поврзана со овие симптоми.

„Луѓето со функционална абдоминална болка (болка без точна каузална дијагноза) имаат преосетлив нервен систем заради претходни животни настани, претходни операции, акутни инфекции или неподнесување на храна“, вели д -р Патамануч.

„Ако го сметаме мозокот како приемник и звучници, тоа ни помага да разбереме како функционираат цревата. Болката во цревата оди до ‘рбетот, кој пренесува сигнали до мозокот. Децата кои се под стрес, физички или емоционално, честопати ќе имаат вклучено копче на нивниот стерео приемник. Како мозокот го прима и толкува сигналот за болка е силно поврзано со нашата емоционална состојба“, објаснува понатаму.

Во својата практика, Патамануч гледа многу деца со функционални болки во стомакот. „Овие деца јадат добро и добиваат нормална тежина. Чувствуваат болка, но во целина тие функционираат добро, одат на училиште и спијат ноќе”, додава таа. При првата посета на деца кои имаат болки во стомакот со симптоми како што се запек, дијареа, гадење или повраќање, лекарот секогаш ги прашува родителите дали мислат дека стресот е главниот фактор. Ова вклучува стрес дома, на училиште и во друштвото.

„Околу половина од родителите што ги среќавам обично се свесни дека нивните деца доживуваат голем стрес, но сакаат да потврдат со докторот дека детето нема медицински проблем. Другата половина не смета дека стресот може да се поврзе со болка. Симптомите кои покажуваат голема дисфункција се причина за загриженост. Многу е важно да се помине медицинска обработка”, продолжува таа.

Техники на соочуваање и вежби кои можат да им помогнат на децата

Со функционална абдоминална болка, не постои специфичен третман или лекови што може да се земат. „Се работи повеќе за да им помогнете на тие деца да научат техники на справување и да ги идентификуваат причините што ги влошуваат нивните симптоми. На децата може да им треба специјалистички преглед од психолог за да се провери нивното ментално и емоционално здравје”, вели докторката. Таа често работи со деца на едноставни техники што можат да ги практикуваат дома и да ги применуваат во секојдневниот живот за да ја ублажат постојаната непријатност:

Чај од нане: Чаша од овој чај може да помогне да се смири желудникот и чувството на мачнина

Практикување внимание: лежењето во тивка просторија и слушањето на чукањето на срцето може да му овозможи на детето да го намали стресот во главата. Исто така, може да го намали крвниот притисок и отчукувањата на срцето.

Редовно вежбање: вообичаено е децата да се повлекуваат од активности заради непријатност. Ако станат изолирани, тоа може да ја влоши состојбата. Важно е да внимавате на нивните симптоми и да продолжите со физичките вежби. Секојдневното вежбање може да им помогне на децата да го ослободат стресот, да бидат повнимателни во текот на денот и да спијат добро.

„Мислам дека не е доволно кажано за важноста на врската помеѓу умот и” стомакот”. Колку повеќе се едуцираме за тоа како функционира, толку е поголема веројатноста дека децата ќе научат вештини за да имаат среќен и здрав живот “, објаснува Патамануч на крајот.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]