Две работи што децата тешко им ги простуваат на своите родители

Децата паметат повеќе отколку што мислите, особено вашите постапки и начинот на кој се чувствувале заради вас.

0
407

Постојат две 2 работи за кои повеќето деца не им простуваат на своите родители:

1. Прекршени ветувања

Ако не сте целосно сигурни дека ќе можете да го исполните ветувањето, тогаш подобро е да не го давате. Јасно е дека родителите имат големи обврски и не можат секогаш да го исполнат она што го ветиле, но проблемот е што многумина не разбираат колку е тоа деликатно.

Многумина ветуваат, па кога не успеваат да го исполнат ветувањето, велат: „Не е важно, ќе надокнадам со нешто друго“.

Децата не гледаат на тоа така. За нив, тоа ветување е се на светот; ним тоа ветување може да им остане во главите цел ден и едвај чекаат да се исполни.

А потоа доаѓа тој момент кога вие велите „Ех, сепак ништо од тоа“. Светот на детето пропаѓа и тоа почнува да ја губи довербата во вас.

2. Непочитување на ставовите на децата

Многу луѓе би рекле „Каква почит кон децата, тие се уште мали, тие не знаат ништо за тоа“.

Па, токму заради оваа заблуда многу деца ги презираат своите родители. Колку родители не го почитуваат детскиот труд (колку и да звучи смешно) и не ја ценат желбата на детето да помогне во нешто?

За жал премногу. Многумина не разбираат колку е важно да ги фалат малите нешта што ги прават кога мислат дека прават нешто добро.

Дури и кога неговиот цртеж е лош, пофалете ги неговите напори. Подбивањето ќе го повреди до срж и најверојатно ќе се чувствува безвредно. Кога прави хаос во кујната затоа што сакал да направи нешто добро или креативно, повторно пофалете ги неговите напори, а потоа понудете му ја вашата помош заедно да ја исчистите кујната.

Колку и да изгледаат силно децата, тие се во длабочината на својата душа мали трошки кои лесно се повредуваат, а кога често ги навредувате, тие креваат ѕид што подоцна нема да можете да го скршите. Третирајте ги како нежни, кревки суштества кои заслужуваат да бидат почитувани како зрели луѓе.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]