Мајката Џенсен Хауард објавила видео на Фејсбук во кое се гледа разликата помеѓу капките мајчино млеко и заменската формула под микроскоп.
Клипот јасно покажува дека мајчиното млеко е полно со витамини, протеини, пробиотици и други супстанции кои не се гледаат со голо око. Од друга страна, се чини дека формулата не содржи ништо од ова.
„Сите знаеме кои се придобивките од доењето. Сепак, ова видео целосно ме воодушеви. Мајчиното млеко под микроскоп во споредба со формулата под микроскоп”, стои во описот на објавата.
Објаснето е дека видеото нема за цел да ги засрами мајките кои ги хранат своите доенчиња со формула и да ги натера да се чувствуваат лошо, туку да ги поттикне доилките да продолжат со доењето доколку можат.
„Покрај тоа, гледањето на мајчиното млеко на овој начин ми дава сосема ново ниво на разбирање зошто е тоа целосна храна за бебето“, вели Хауард.
Очекувано, објавата стана вирална и луѓето почнаа да дискутираат за мајчиното млеко и заменските формули.
„Мајчиното млеко е неверојатно. Пресреќна сум што моите три бебиња имаа корист од ова течно злато”, напишала една жена.
„Тешко ми е да го гледам ова. Се обидов да го дојам моето бебе, но таа се роди десет недели предвреме, па тоа беше голем стрес”, забележува друга.
Некои луѓе заклучија дека оваа објава може да ги натера мајките што користат формула да се чувствуваат лошо, и дека тоа не треба да се прави, дури и ако е ненамерно.
Фото: Pixabay