Ферн е името на една мајка која на ТикТок објавува видеа на кои се гледа дека има по малку чудни алтернативни методи на воспитување. Покрај тоа што го поттикнува нејзиниот син да избере име за себе кога ќе стане полнолетен, таа бара од луѓето да не ги мијат рацете пред да го допрат нејзиното бебе и му дозволува да јаде камења.
„Зошто му дозволувате да јаде песок“, ја прашуваа едно лице на „Тикток“.
Во клип кој собра 16,8 милиони прегледи, оваа мајка веганка објаснила дека му дозволува на своето бебе кое е исклучиво доено да јаде „стапчиња, камења, песок, нечистотија и да ги лиже количките за пазарење во маркетите, бидејќи не верува во кампањите насочени кон промена на јавните перцепции за здравјето. ”
„Не се плашам од бактерии, всушност, тие се добредојдени. Верувам во природата и во моето бебе”, вели таа.
Иако ја исклучила можноста за коментирање, нејзината снимка предизвикала загриженост кај многумина. Јутјуберите Mr Beard и nickisnotgreen заедно го снимиле својот коментар и го објавиле во форма на видео со наслов „Оваа жена ќе го убие своето дете“.
Тие составиле неколку нејзини видеа, вклучително и едно во кое Ферн ги нарекува антибиотиците „отров за бебиња“.
„Најстрашно е што таа нема да дозволи детето да зема антибиотици. Значи, кога ќе добие инфекција, нема да му даде лек што може да го излечи”, вели Beard.
Во друго вирално видео, мајката открила и дека ги советува другите да не ги мијат рацете пред да го допрат своето новородено бебе.
„Да, бебе со силен имунолошки систем ќе се бори против вирусот многу поефикасно отколку бебе со послаб имунолошки систем“, се согласува едно лице, додека друго саркастично додава: „Да, рацете треба да се мијат ОТКАКО ќе ги допреме бебињата“.
@comingupfern Reply to @platoon_lagoon #veganbaby #exclusivelybreastfeeding #crunchymom #crunchy #crunchymama #holistic #gentleparenting #respectfulparenting
♬ Amityville Horror – Scary Halloween Sound Effects – Halloween Sound Effects
Фото: ТикТок