Ропски труд – шестгодишни деца прават играчки за „Киндер“ јајца

Компанијата „Фереро“ ќе покрене независна истрага за случајот, за да се види што од сето ова е вистина.

0
241

Деца во Романија, некои и на возраст од шест години, се користат за изработка на малечките играчки што се внесуваат во популарните „Киндер“ чоколaдни јајца, пишува лондонски „Сан“.

За таа работа, децата добиваат по 22 пени, или нешто над четвртина евро на час, што весникот го нарекува „ропски труд“.

Според „Сан“, низа романски семејства се вклучени во изработувањето и пакувањето на малечките играчки, што подоцна ги комплетира како „Киндер јајце“ оваа компанија, која делува како компанија-ќерка на најголемаиот италијански производител на чоколадо „Фереро“.

Весникот тврди дека во правењето на играчките се вклучени цели семејства, меѓу кои и нивните малолетни деца. Таа работа се извршува во нивните куќи, а семејствата работат и по 13 часа за само 4,5 евра дневна заработувачка.

„Фереро“ со „Киндер“ грижата околу изработката на играчките им ја доделила на романската фирма „Ромекса“, а таа на разни свои романски кооперанти, кои ја префрлиле работата на разни семејства, со кои имаат направено договори.

Еден од луѓето чие семејство е вклучено во овој бизнис, изјавил за „Сан“ дека навистина им се плаќаат малку пари за она што го прават, но дека тој и неговите, немаат друг избор.

– Оваа работа ни е важна, затоа што мораме да живееме, да купуваме храна и да ги издржуваме децата – изјавил таткото на едно вакво романско семејство.

Директор на компанијата „Ромекса“ признал дека не знаел што прават нивните подизведувачи при изработката на минијатурните играчки и нивното подготвување за подоцна, на друго место да се внесуваат во јајцата.

– Ова што го открива „Сан“ покажува дека имаме сериозен проблем – рекол директорот.

Претставник на „Фереро“ изјави за лондонскиот весник, оти компанијата ќе покрене независна истрага за случајот, за да се види што од сето ова е вистина.

[better-ads type='banner' banner='999' ]