Каде згрешивме?

Што правиме како родители понекогаш свесно, понекогаш несвесно, за да воспитаме дете за кое за некоја година ќе кажеме дека е разгалено?

0
109
Фото: Freepik

Многу родители кога ќе се соочат со тоа дека нивното дете е разгалено, се прашуваат каде згрешиле и што направиле за да одгледаат такво дете. Се обидовме да издвоиме неколку основни грешки кои ги прават родителите воспитувајќи го своето дете.

Дететоцентар на светот

Ако на своето дете му ја исполнувате секоја желба и одговарате на сите негови барања, тоа ќе заклучи дека светот се врти околу него. На пример, вашето дете сака чоколадо во 23 часот навечер, вие дома немате, но трчате до најблиската продавница за да му го купите.

Игнорирање на позитивното однесување

Денешните вработени и зафатени родители не забележуваат кога децата смирено и тивко си играат. Ако никогаш не му дадете на знаење дека сте задоволни со него и со неговото однесување, пропуштате можност да поттикнете позитивно однесување.

Несвесни пораки

fgdfgdsорака дека солзите се најдобар начин да го придобие вашето внимание.

За детето нема ограничувања

Една од родителските задачи е да го научат детето на социјални вештини, како што се трпеливост и почит.

Непоставување на цврсти граници

Ова се случува кога на детето нешто ќе му забраните, но на крајот ќе попуштите затоа што таквиот начин ви поедноставен или пак немате сила за преговарање. Ако му е на детето нешто забрането, а веќе следниот ден му го дозволите истото, тоа не знае каде се границите и до каде може да оди.

Не го учите детето на одговорност

Ако не го научите детето на одговорност кога направило нешто што вам ви изгледа лошо, му праќате порака дека тоа никогаш не прави грешки. Научете го детето да преземе одговорност за своето однеусвање. Нека ги искуси последиците од своите грешки.

Подароци заради погрешни причини

Не дозволувајте детето да манипулира со вас. На пример, да му купите нов велосипед затоа што оној што сте му го купиле минатата година му здодеал. Или ако детето во афект ви каже дека не ве сака, па вие му купувате нешто за да го расположите.

Фото: Freepik

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]