Како да ги препознаете раните знаци на дислексија кај детето?

Оваа состојба погодува 15 до 20 проценти од населението и е најчестото пореметување во учењето.

0
229

Сите деца ќе научат да читаат со сопствено темпо. Но, кога детето заостанува зад своите врсници, тоа може да се смета за знак на дислексија. Оваа состојба погодува 15 до 20 проценти од населението и е најчестото пореметување во учењето.

Што е дислексија?

Се дефинира како „неочекувана тешкотија во читањето за поединец кој има интелигенција да биде многу подобар читател“. Ова значи дека неверојатно паметно дете со дислексија може да има сосема просечни способности за читање и учење.

Најчесто е предизвикана од тешкотии во фонолошката обработка, што влијае на способноста на поединецот да зборува, чита и пишува.

Знаци на дислексија

Еден од најјасните симптоми на дислексија е тешкотијата во читањето, особено учењето букви и звуци, но има многу други знаци на дислексија, а тоа се:

лош правопис
недостаток на интерес за рима
тешкотии во учењето странски јазици
тешкотии да се задржи вниманието
анксиозност, особено заради гласно читање на час
тешкотии да се најде збор или да се смисли или изговори зборот што детето има намера да го каже
мешање слични звучни зборови во говорот, детето подобро го разбира она што го слуша отколку она што го зборува.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]