Експерт предупредува на опасностите од скокање на трамболина

Луѓето - и особено децата - можат да ги скршат вратот, 'рбетот и екстремитетите, бидејќи силата од движењето на трамболината се пренесува на нивното тело.

0
255

Децата ја обожаваат трамболината, а ѝ се радуваат и возрасните. Но, зад големата забава постојат некои опасности за кои одлучил да предупреди Пит Пидко, биомеханички инженер и универзитетски професор од САД, кој поминал шест години проучувајќи ги трамболинските паркови и предупредува на опасностите кои се кријат зад скокањето на трамболина.

Физика на скокањето

„Откривме дека енергијата се пренесува помеѓу површините за скокање на трамболината. Тоа е навистина една голема трамболина“, вели Пит Пидко.

Тој посочува дека бидејќи површината е толку непредвидлива, лесно е да се повредите.

„Површината на трамболината ја менува висината. Дали некогаш сте зачекориле во празно? Замислете ја таа ситуација на трамболина”, рекол Пит за CBS News. Луѓето – и особено децата – можат да ги скршат вратот, ‘рбетот и екстремитетите, бидејќи силата од движењето на трамболината се пренесува на нивното тело.

Дизајнот на многу трамболини е таков што енергијата од скокачите се движи по сите површини што отскокнуваат. Ова може да предизвика скоковите да се удвојат или да се одбијат, а вие ја губите контролата и се судирате со другите.

Никогаш не скокајте заедно

Пит исто така предупредува дека кога родителот скока со детето, може да пренесе огромна сила на детето.

„Повеќе бранувања поврзани заедно може да создадат несигурен трансфер на енергија, што ја прави таквата површина непредвидлива“, заклучил Пит, објаснувајќи го ова со примерот на видеото снимено во Њу Џерси, во кое момче скокало на трамболина во друштво на својот татко, паднало и ја скршило бедрената коска.

„Тоа е најдолгата и најсилната коска во вашето тело. Потребни се 400 килограми за да се скрши. Бидејќи тоа е дете, веројатно половина од тоа, околу 200. Значи скокајќи таткото префрлил 200 килограми сила на својот син и тоа ужасно брзо. Како некој да те удира со чекан“, објаснил Пит.

На опасностите од скокање по трамболина предупредил и д-р Крег Кук кој во болница третирал стотина пациенти со тешки повреди здобиени во паркови со трамболини.

„Имаше фрактури на нозете, рацете, ‘рбетот, но и разни повреди на главата. Некои повреди изгледаа како оние во најлошите сообраќајни несреќи”, вели др. Кук.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]