Дали покачениот холестерол во бременоста e нормален?

Зголемениот холестерол за време на бременоста е многу важен за здравјето на мајката и бебето. Сепак, експертите објаснуваат во кои случаи може да биде опасно и кога може да доведе до хипертензија и ризик.

0
79

Високото ниво на холестерол за време на бременоста е неопходно за производство на стероидни хормони, како што се естроген и прогестерон, кои се клучни за одржување на бременоста. Вашето бебе го користи вашиот холестерол со голема брзина за здрав развој на екстремитетите и мозокот.

Мајката, плацентата и фетусот имаат специфични ензими кои го менуваат и испраќаат холестерол во одредени функционални хормони.

Дозволено ниво на холестерол

Нивото на холестерол природно се зголемува во текот на второтo тримесeчје достигнува врв во третото и обично се враќа во нормала четири недели по породувањето.

Повеќето кардиолози препорачуваат нивото на ЛДЛ (лош холестерол) да биде пониско од 100 мг/дл, а добриот ХДЛ холестерол поголем од 60 мг/дл. Кога жената е бремена, нивото на холестерол се зголемува за 25 до 50 проценти, и за среќа, тоа е претежно добар холестерол.

Кога се лекува покачен холестерол?

Експертите многу често не лекуваат висок холестерол кај бремени жени, освен ако не постои голем ризик за здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Бременоста е краток временски период во животот, и клучно е да се намали било какво лошо влијание врз фетусот.

Високиот холестерол за време на бременоста може да доведе до хипертензија, што може да го загрози животот на мајката и детето. Нискиот холестерол може да доведе до предвремено породување и мала тежина при раѓање.

Штетни ефекти на високиот холестерол

Студиите исто така покажаа дека покачениот холестерол има штетни ефекти врз потомството на мајката, и во матката и подоцна во животот. Според канадската фондација за срце и мозочен удар, децата чии мајки имале покачен холестерол пред да забременат, имаат пет пати поголема веројатност да имаат покачен холестерол од другите. Во нормални околности, лекарите може да препишат терапија за намалување на холестеролот, меѓутоа, студиите покажаа дека овие лекови за намалување на холестеролот се поврзани со абнормалности во физиолошкиот развој на бебињата. Иако резултатите се ограничени, Џули сепак препорачува да престанете да ги користите овие лекови ако сте бремени или се обидувате да забремените.

Како да се ослободите од високиот холестерол?

Во нормални околности, лекарите можат да препишат лекови за намалување на холестеролот, меѓутоа, овие лекови може да доведат до абнормалности на фетусот за време на бременоста. Затоа, најдобриот совет е да ги избегнувате за време на бременоста и за време на зачнувањето.

Најдобар начин за одржување на здраво ниво на холестерол за време на бременоста е урамнотежена исхрана богата со овошје, зеленчук и растителни влакна. Најдобро би било да избегнувате заситени масти и да вежбате, се разбира во согласност со препораките на лекарот. Исто така, имајте на ум дека на вашето тело му се потребни околу 300 дополнителни калории дневно за да се нахрани и себе и вашето бебе. Не повеќе од тоа!

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]